Home Live Се огласи Лила и го покажа предниот дел: Ова ланче со дијамант...

Се огласи Лила и го покажа предниот дел: Ова ланче со дијамант ќе го добие некој од вас (ФОТО)

Лила Стојановска во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Сѐ или нешто“.

Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени „тролања“. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле „Господар на прстените“, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.

Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелигентен хумор, и кога на тој начин ме „тролаат“ ми се слатки, знаеш,“ откри Лила.

Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разу лавена: „Кој ти кажа?“

Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна… Во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот.

Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

Но, во една прилика, таа јавно проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, загубата на нејзиниот татко Милан по чие име таа всушност ја додаде буквата „М“ во нејзиното име и презиме и сега е Лила М. Стојановска.

Таа за порталот „Женски Магазин” истакна дека тој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.

„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила.

Нему му бил дијагностициран кан цер, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи тешката болест.

Лила додала дека татко ѝ Милан си заминал од овој свет пред осум години.

„Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш.

Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила.

Лила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но еден нејзин статус е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата, за среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:

– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. Да не ви зависи од никого и од ништо.

Очекувањата нѐ прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што не оптеретува…

Истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….

Лила се огласи на стори на Инстаграм и рече дека предновогодишно ќе ги почести своите обожаватели. Лила го покажа предниот дел, каде што носеше дијамантно ланче и рече дека ова ланче ќе го добие некој кој ќе учествува во новогодишниот „гивавеј“.

-Oва ланче со дијамант ќе го добие некој од вас ако учествува на новогодишниот @agor_gold giveaway.

Aко на профилот кај Лила на Инстаграм ја „лакнете“ фотографијата, ги заследите @agor_gold и „тагнете“ ваша пријателка, имате шанса да бидете среќник и да го добиете ланчето на Лила.

Previous articleСтојне во новогодишно, заводливо издание, со дупка на фустанчето, и рекоа машала (ФОТО)
Next articleСите ја гледаат Гавазова и ѝ се смешкаат, чудно им е да ја гледаат во публика, некој друг да ѝ пее (ФОТО)