Home Live Се отвори струмичанканата Ангела од „Ѕвездите на Гранд“ и раскажа каква е...

Се отвори струмичанканата Ангела од „Ѕвездите на Гранд“ и раскажа каква е вистински Марија Шерифовиќ

Ангела Котуровиќ е 22-годишната струмичка, која скромно излезе на големата сцена во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, уште при првите испеани стихови ги освои членовите на жирито.

Нејзиниот настап го оценија со највисока оценка, а сега, откако спласнаа емоциите по нејзиното појавување, напиша Хаштаг за оваа наша млада пејачка, а таа откри дали очекувала толку позитивни реакции.

Уште се памети шестата емисија во „Sвезде Гранда“ кога настапи токму струмичанката Ангела Котуровиќ и ги испеа песните „Роџени“ и „1003“.

Она што беше фантастично за нашата Македонка е тоа што таа ги освои сите гласови од жирито што е реткост.

Изведбата на песната „Роџени“ на Калиопи, водителот Воја Недељковиќ имаше необична ситуација зад сцената со која не знаеше како да се справи.

Имено, синот и сопругот на натпреварувачката дошле да ѝ дадат поддршка, а поради гласната музика и непознатото опкружување, бебето почнало да плаче.

– Не плачи, мама има четири гласа – Воја се обиде да го смири бебето и продолжи:

– Ќе биде добро, кукле. Нема да ѝ кажат ништо лошо!

По втората песна „1003“, Ангела ги доби сите осум гласови на стручниот тим на најгледаното музичко натпреварување.

– Браво кукла – извика речиси едногласно жирито, а Саша Поповиќ веднаш го вклучи видео бимот од Бекстејџ.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се види дека таа е посветена мајка и речиси секоја објава е поврзана со синчето Ноа и сопругот Лазо со кој се многу вљубени.

По фотографиите може да се забележи дека Ангела е исто така и авантуристка и често со својот сопруг посетуваат разни дестинации во нашата земја.

Исто така, Ангела со сопругот, најверојатно поседуваат локален бар во Струмица, „Кај Лаки на Маки, лаунч бар“, кој Ангела го има ставено во описот на нејзиниот профил, а на страната на барот може да се видат Ангела и Лазо како го осветуваат барот со поп, на денот на отворањето.

„Сѐ уште е рано да го кажам тоа, но со ментор како Марија Шерифовиќ мислам дека ќе стигнем до финале, иако има и многу добри изведувачи. Се надевам дека ќе стигнам, но останува времето да ќе покаже.

-Можам да кажам дека талентот ми е наследен од мајка ми, но повеќе дека е Божји дар. Имам настапувано на повеќе натпревари кога бев во средно под менторство на мојата професорка Анита Станковска и имам земено бројни први награди.

На концерти организирани од училиштето имам настапувано два пати на Струмица Опен Фестивал во 2015 и 2020 година и имам освено второ место на ниво на Македонија во 2019 година на шоуто Звезда број 1, имам настапувано во многу кафулиња во Струмица пред бројна публика, така што тремата пред публика ми е совладена многу оддамна.

Се надевам дека во иднина ќе имам уште многу настапи и пеење во еден глас со публиката, што воедно е и еден од моите соништа.

Па ние сме едно мало и скромно семејство од тројца членови. Празниците ги поминуваме традиционално заедно во нашиот дом, но и во најлуда атмосфера со познатиот плачко нашиот син Ноах. Многу ни е забавно“, рекла за Хаштаг оваа шарматна девојка.

-Марија е многу строга како ментор. Строга е за сѐ – од пеење до изгледот на сцена, но тоа го прави за сѐ да биде во најдобар ред, да изгледаме културно и скромно и да го покажеме најдоброто од нас, додала Ангела.

Previous articleДамјан Стојаноски качен на маса, Елена Велевска во провокативен фустан со патент- нашите во Америка имаат што да видат од нашите пејачи (ФОТО)
Next articleСузе Гавазова во фустан што повеќе открива отколку што покрива (ФОТО)