Home Live Сите ја гледаат Гавазова и ѝ се смешкаат, чудно им е да...

Сите ја гледаат Гавазова и ѝ се смешкаат, чудно им е да ја гледаат во публика, некој друг да ѝ пее (ФОТО)

Една од најпопуларните македонски поп фолк изведувачки во една прилика даде во искрено и отворено интервју за порталот Точка. И секако, го доби прашањето:

Како ја освојуваш публиката со глас, стас, добар настап, добра песна?

-Најпрвин добра песна, секако тука е и стасот. Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна.

Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала.

И сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови,“ рекла Сузе, а потоа кажала нешто многу приватно, кое ретко кој од пејачите го споделува, а тоа е кој е нејзиниот најголем бакшиш:

-Па, добро, имало бакшиш многу, но тоа не се однесува само за мене, туку за целата група и кога ќе се подели – пак е малку.

Па ајде да кажеме, ако ме прашувате за најголем бакшиш би го посочила настапот во 1999 година со групата „Пицикато“, а имавме гости од Турција кои нѐ почестија со 2500 германски марки.

И во Австралија можам да се пофалам со добри бакшиши,“ рекла оваа наша пејачка која важи за една од најзгодните и најбараните, а тоа со години трае. Пред да го запознае Јасмин, таа дала ваква изјава која се однесува на мажите:

-Најранлива сум последниве години, ми недостасува многу љубов, бидејќи немам човек кој би ме чувал, стои заштитнички покрај мене, а најопасна бев кога имав 25 години.

Тогаш мислев дека светот е мој, а сега се чувствувам поранлива. Избегнувам случки кои може да ме повредат.

Пред неколку денови, на Сузе ѝ било роденден, и добила ептен многу честитки на социјалните мрежи, од лица кои ѝ се блиски, но и од нејзини обожаватели, и потоа откако слегнале впечатоците, таа со стори на Инста, емотивно се обратила:

-Прво, сакам да се заблагодарам на Бога за мојот живот. Би благодарам и на вас драги мои роднини и верни пријатели што одвоивте од вашето скапоцено време за да ми го честитате роденденот.

Вие сте толку посебни за мене, се чувствувам благословена што имам толку луѓе што ме сакаат и ме почитуваат.

Ве сакам најмногу. Бидете ми поздравени и од Бога благословени“, напишала Сузана во ова емотивно обраќање на Инста стори.

Сузана во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни. „Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш. Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.

Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.

Сопругот На Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво. Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој гради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.

Во една прилика Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.

Јасмин е послабо активен на социјалните мрежи од Сузана, но тој објавува секогаш кога има што да каже. Па така неодамна, сопругот на Гавазова објави дека куќата која ја градат во Дојран, со целото езеро на дланка е при крај.

Но, тој објави слика од уште една куќа која ја гради, а сликата личи како да е некаде надвор од Македонија. Јасмин има бизнис кој е раширен во Европа, и очигледно дека добро му оди.

Гавазова со двете ќеркички замина за родниот крај во Струмица и се прошета на плоштадот, каде што имаше настап. Долго време Гавазова не била во улога на публиката, таа секогаш е центар на вниманието, кога е на бина и со микрофонот во рака.

Но, сега имавме можност да ја видиме Гавазова во подруго издание, од обратната страна, како ужива со ќеркичките во својот роден крај.

Она што беше интересно е кога пејачката ги снимаше своите ќеркички, луѓето од позадина чудно ја гледаа, но љубезно ѝ се насмевнуваа на Гавазова, што најверојатно и на нив им е чудно да ја гледаат вака.

Previous articleСе огласи Лила и го покажа предниот дел: Ова ланче со дијамант ќе го добие некој од вас (ФОТО)
Next articleНашата најубава водителка од Канал 5 откри со која активност ги смирува мислите, на празни улици (ФОТО)