Home Live Специјална објава на Анета и “Молика“- еве зошто Битола треба да се...

Специјална објава на Анета и “Молика“- еве зошто Битола треба да се гордее со нив

Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Апсолутно секој викенд им е букиран, а се и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Пред пандемијата, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

Македонската пејачка повеќе од 17 години е во брак со Џими од групата „Молика“, а од бракот заедно ја имаат ќерка Моника.

Моника има талент за пеење, меѓутоа студира стоматологија и тоа сака да биде нејзината идна професија. Меѓутоа, освен талент за пеење изгледа дека ќерката на Анета има талент за готвење и тоа за палачинки.

Имено, Анета во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија како нејзината готви, а во описот на истата напиша: „Кој си знај, си знај“ и јавно и поласка на својата ќерка дека има талент за готвење, објави Вистина во една прилика.

Дали Моника има талент само за готвење на палачинки, или пак знае да направи уште некој специјалитет, не знаеме, но според приложеното може да претпоставиме дека палачинките биле вкусни.

Инаку, Анета во една прилика исткана дека не е лесно да се биде и професионалец и музичар.

„Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва.

Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас.

Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Иако, не е лесно да се балансираат професионалните и приватните обврски, веруваме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос како мајка – ќерка“, напиша Вистина.

Анета на Фесјбук споделила една специјална објава, тоест една многу убава работа која ја напрвила таа заедно со групата „Молика“, а се однесува на деца.

-Денес со задоволство го изведивме нашиот настап пред одбрана публика, односно пред учениците од II 5 одделение од ОУ Св.Климент Охридски од Битола кои заедно со наставничката Билјана Печипајковска преку нејзиниот проект запознавање на професии, одблиску се запознаа со професијата музичар.

Децата покрај тоа што се запознаа со нашите инструменти исто така се забавуваа и уживаа во изведбите на македонската песна.

Многу ни е драго за оваа денешна посета бидејќи се надеваме дека дадовме мотив на нашите идни генерации да ја изведуваат и пренесуваат македoнската музика“, стои на профилот на групата „Молика“ кој Анета го сподели.

Previous articleМајката на Калиопи е активна и работи и во зрелите години, еве со што се занимава Марија и како ѝ се вика профилот на Инста (ФОТО)
Next articleАгнеса го покажа луксузниот дом во новогодишно издание, а има и голема причина за среќа (ФОТО)