Home Live Стојне во новогодишно, заводливо издание, со дупка на фустанчето, и рекоа машала...

Стојне во новогодишно, заводливо издание, со дупка на фустанчето, и рекоа машала (ФОТО)

Фолк пејачката Стојне Николова е млада и успешна дама, која ја сака и ја негува македонската народна песна. Со музика започнала да се занимава уште од тинејџерските денови, својата прва авторска песна ја снимила на 16 години.

Таа во една прилика направи обработка на народната песна „Крушево абер пристигна“,за која Стојне вели дека и’ била вистински предизвик и дека публиката во иднина може да очекува повеќе вакви преработки од неа и од нејзиниот тим.

За Женски магазин, младата пејачка открила дали е сингл и што да очекуваат нејзините обожаватели од неа следно.

-Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп. Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе.

Навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам.

– Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други“, кажа Стојне и откри дека е сингл.

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта.

Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

-За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно“, рече таа.

Засега нема да откријам многу детали бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала, можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме.

Стојне на својата нова слика на Фејсбук, е ептен провокативна, со дупка на фустанчето, тоест голем отвор. Сликана е покрај новогодишна елка, најверојатно на некоја забава или нејзин настап,

Па, така покрај оваа слика, таа доби доста коментари од пријателите, кои ѝ кажаа дека изгледа прекрасно, а еден од коментарите вели: Машала!

Previous articleТрајче Толевски се однесува како ништо да не било, а за малку ќе му пропаднеше бизнисот- ужива со „трбушна плесачица“ (ФОТО)
Next articleСе огласи Лила и го покажа предниот дел: Ова ланче со дијамант ќе го добие некој од вас (ФОТО)