Home Live Иако се раздели од сопругот, Тамара рече дека 2022 година ќе ја...

Иако се раздели од сопругот, Тамара рече дека 2022 година ќе ја памети по убави работи- ги имаше многу…

-Евровизија беше најубавото професионално искуство во мојот живот. Бескрајно сум благодарна и на МТВ и на целиот мој тим“, кажа нашата позната пејачка Тамара Тодевска во едно интервју за Еспресо.мк, откако на Евровизија цво Тел Авив го освои седмото место.

-Ние бевме навистина тим од соништата. Уште од првиот ден бевме максимално посветени и верувавме дури и во невозможното. Гласовите од жирите и овациите од публиката беа само потврда дека нашата тимска работа се исплатеше“, изјави нашата пејачка.

Пресреќна сум за сите работи што ги имам во животот. Благодарение на Евровизија, денес мојата музика можат да ја слушнат милиони луѓе низ светот.

Имав прекрасни настапи низ Европа оваа година, а следната година ја продолжив мојата мини-турнеја со настапи во Лондон и Амстердам.

Паралелно работам и на мојот нов албум. Јас сум среќна и благодарна. Го живеам животот од соништата.

Ме радува тоа што се појавуваат нови артисти кои инвестираат во себе и кои на еден начин креираат една нова, позрела и можеби пософистицирана македонска музичка сцена.

Да бидеме реални, тешко е да се биде артист во Македонија, но од друга страна имаме артисти кои оставаат трага без разлика на тоа колку е тешка ситуацијата. Музичарите во Македонија се доказ дека без разлика на сè, ако веруваш и работиш на себе, апсолутно сè е возможно.

Овој албум го работам многу поинаку од претходните два. Работам со тројца одлични продуценти и сакаме да креираме една целина која ќе ја претстави новата Тамара.

Се работи за долг креативен процес, но јас уживам во секој момент“, рече Тамара.

Потоа, таа како горда и посветена мајка зборуваше и за своите деца, ќерката Хана и синчето, Дарен и кажа кои карактеристики ги забележува кај нив.

-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.

Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот.

Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.

Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка. Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара.

Тамара е секогаш насмеана и една доста позитивна личност, и иако перед извесно време рече потврди дека се разделува од сопругот Мачка, со кого поради децата ќе остане во добра комуникација, таа кажа дека годината што изминува, по добро ќе ја памети.

Инаку, Тамара останала навистина во добри односи со поранешниот сопруг, а доста медиуми ја објавија сликата каде што тие двајца заедно го прославија роденденот на нивниот син Дарен.

Се сликаа сите семејно, на роденденската прослава на Дарен, на која имало суперхерои за маиот славеник и биле доста нивни пријатели.

Тамара на Инста перна слики каде што е сликана во новогодишен амбиент, во еден наш познат хотел, на едната слика е со ќерка си Хана, а на другите две е сама, и до овие слики, таа напиша:

-Оваа 2022 година да ја паметиме по убавите работи, а ги имаше навистина многу“ стои до сликата од Тамара.

Previous articleЛамбе се искачи на Галичица, се пофали со величенствена слика со оваа личност- има посебен повод за тоа (ФОТО)
Next articleНаум распали по надлежните кои го одбиле за финансии за проект- Тешко на државата со такви !