Home Live Калиопи објави слика во костим за капење среде зима, со посебен повод...

Калиопи објави слика во костим за капење среде зима, со посебен повод (ФОТО)

Во една прилика, нашата музичка ѕвезда Калиопи беше во Белград, како гостинка во емисијата „Студио“ која е всушност мултимедијално музичко шоу, каде што познати пејачи пеат стари песни во нови аранжмани.

Емисијата се емитува на Радио телевизија Србија секоја сабота. Калиопи на социјалните мрежи објави видео во кое таа ја пее песната „Македонија“ која на времето на има испеано Дадо Топиќ, познатиот хрватски музичар.

Во видеото, таа објаснува што за неа и за целиот народ претставуваа оваа песна.

– Тоа беше време на Југославија кога не се пееше многу за републиките посебно, ние секогаш пеевме за една земја.

Со самото тоа имам чувство дека луѓето сфаќаат дека македонското сонце е љубов и желбата на тој народ себеси да се дава на другите е некако блиска.

Посебно благодарам на Дадо Топиќ, кого го обожавам, кого го сакам, кој е мој голем пријател, тој некако го опеа сето она што многу други никогаш не би рекле, а да не е Македонец“, рече Калиопи тогаш.

Таа сподели видео како на своите обожаватели им дава бакнеж, но дали е бакнежот наменет и за некоја посебна личност, судејќи според стиховите што ги сподели до видеото.

– Ќе ги продадам соништата. Ќе ја изгаснам темнината. Никогаш повторно. На усните афион. Усните се мои. А твое е сè. Ќе ги продадам соништата. Затоа што те сакам… ”

Ова се стихови од нејзината песна „Небото ми сјае“.

Калиопи еден свој пост, се чекираше дека е во Република Македонија, На сликите што ги објави како го пие утринското кафе, таа изгледа како девојче.

Таа ги запраша следбениците: Сакам добро кафе, особено турско кафе или добро еспресо … А вие? Што преферирате повеќе, кафе или чај?

Калиопи на својот Фејсбук и Инстаграм профил често знае отворено да зборува со своите следбеници. Тата, во една прилика таа праша:

Дали ви се допаѓа оваа стара фотографија? Мислам дека ми треба нова фотосесија што е можно побрзо“.

Вака ги праша Калиопи своите обожаватели на Инстаграм и на Фејсбук во една прилика, и објави една постара слика од постара фотосесија.

Музичката дива за време на пандемијата уживаше патуваќи низ Македонија, и објави фотографии од Кавадарци. Имено, Калиопи ја посети црквата Света Петка и напиша сосема кратко; Моја Македонија.

Калиопи, објавувајќи свои слики објавува и стихови од нејзините песни како на пример песната „Мојот дом“ која оди вака: “Само затвори очи и силно гушни ме.

Не предавај се, оваа љубов твој е дом. Никој од тебе не бара солзи за каење. Ни вака од внатре ни на јаве, ни на сон…”

Пејачката сподели стихови од својата песна „Од себе не одустајем“ и објави свои природни слики на кои е многу среќна и насмеана.

Калиопи, по повод свокот роденден, и тоа 55 објави интересна и доста необоична слика, во костим за капеење, токму среде зима. На сликата, таа е во сосема опуштено издание, без шминка, како ужива и си лежи на плажа.

Покрај оваа слика, Калиопи напиша и доста интересна порака во нејзин стил, до сите нејзини обожаватели, во која раскажа која е всушност смислата на нејзиниот живот.

-Дојде и овој ден! Дали сум на море? Не! Дали би сакала да бидам? Да! Дали им се радувам на годиниве? Да! Дали би сакала да бидат помалку? Не! Дали сум задоволна со мојот живот? Да!

Дали би сменила нешто? Не! Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања , мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.

Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна! Ве сака Опи“, напиша Калиопи на својот Инстаграм и Фејсбук профил, а по повод овој ден кој е посебен за неа.

Previous articleАнета Наковска се пофали со видео од Огњен Амиџиќ, еве како таа се поврза со познатиот водител
Next articleМарија од „Ѕвездите на Гранд“ сосема смени имиџ- сега е нова личност и изгледа топ, а еве како ја искритикуваа на Инста (ФОТО)