Home Live Каролина со објава од мајка си со посебен повод, еве зошто е...

Каролина со објава од мајка си со посебен повод, еве зошто е среќна баба Светле (ФОТО)

Нашата поп принцеза Каролина Гочева може навистина да се пофали со убава година. Таа одржа пет концерти во Македонската Филхармонија, а сега закажа уште два во Македонската опера и балет со Исмаил Лумановски и со Дуке Бојаџиев.

Идејата се појави уште после нашиот прв заеднички настап во 2016та на концертот на Дуке во „Метрополис Арената“.

Tогаш за првпат се споивме и ја изведовме “Празно е без оваа љубов” евергрин напишан од татко му на Дуке, Тодор Бојаџиев – прекрасна љубовна песна која ти остава кнедла во грло…

Па така и понатаму размислувањето ни беше во таа насока. Вистински, идејата почна да се раѓа после мојот престој во Њујорк во 2019, кога речиси секојдневно се дружевме и разбирливо,.

Голем дел од времето бевме околу пијано, испробувавме различни жанрови на песни и многу бевме задоволни од тоа како звучиме заедно, па така почнавме и гласно да размислуваме за албум каде ќе сме само ние тројца.

Првичниот план беше да издадеме во 2020, но поради познатите околности и нашата замисла мораше да се одложи па спремно чекавме подобро време“, рече Каролина во Женски магазин.

Во една прилика, таа кажа дека многу сака да патува, со својот сопруг Михаиол Корубуин, кој е познат ликовен уметник, а се во брак од септември во 2017 година.

– Патувањата се нешто кое отсекогаш ме исполнувало и секоја година сакам да посетувам барем некое место каде не сум била, а секако дека има и места каде со задоволство се враќам и повеќе пати.

Сметам дека запознавањето нови култури, новите нешта кои ги учиме ни го збогатуваат животот и духот“.

Исто така, збопрувала и за битолчанките и за тоа како ги доживува како жени, како дами, а кажала и што е според неа разликата помеѓу битослка госпоѓа и битолска пуфла.

-Мислам дека горди битолчанки, и пуфли се малку различни поими. Особено ме радува што првиве ги има сè уште и Битола сè уште може да се пофали со вистински госпоѓи и од повозрасната генерација кои се дотеруваат за на театар, за на концерт, за кафе на Широк сокак.

Одам често за Битола. Сите места што ги сакам ги гледам редовно и си ги доживувам, но сега најчесто со внучињата Луција и Инес.

Тие се мојата главна причина за доаѓање во мојот град, со кои повторно си имаме наши места каде на сите ни е забавно, а кога сум во Битола секако дека со внуките сме неразделни, или како што поголемата внука Луција знаеше да каже кога беше помала: Залепени!

Нашата позната пејачка на својот профил на Инстаграм сподели дека уживала на патување со мајка си, сестрата Сандра и внуките Луција и Инес.

Таа откри дека тие пред неколку викенди биле на патување во Будимпешта, и низ видео сподели среќни моменти со нејзините убавици.

Имено тета Каролина обожава да патува со своите внуки, а придружба да им прават нејзината мајка и сестра- тие се вистинско друштво за женски одмор за паметење.

Каролина својата мајка ја нарече баба Светле, а така ја викаат нејзините внуки, двете ќеркички од сестра и. Каролина сподели стори од свокјата мајка, како ги дува роденденските свеќички заедно со внуките и напиша: Среќен роденден баба Светле.

Мајката на Каролина е убава и средена дама, а покрај своите внуки, во Битола, изгледа среќна и радосна на ова видео кое го објавила нејзината ќерка.

Previous articleНаум распали по надлежните кои го одбиле за финансии за проект- Тешко на државата со такви !
Next articleЉубчо Георгиевски по подолго време се огласи во медиумите – еве што им кажа на Бугарите