Home Live Ламбе се искачи на Галичица, се пофали со величенствена слика со оваа...

Ламбе се искачи на Галичица, се пофали со величенствена слика со оваа личност- има посебен повод за тоа (ФОТО)

Долго време, Ламбе Алабаковски имаше желба да ја израдува својата публика со нова песна, а и себеси. По осум години пауза, поп-пејачот кој минатата година со семејството се врати од САД во Македонија, ова лето, најави нова музика од него.

Ламбе на Инстаграм напиша дека излегува „На чекор од брегот“, и кажа дека изминатиов период бил тежок за него.

Мили мои, со многу љубов и ентузијазам работевме изминатиот тежок период на новиот проект „На чекор од брегот”. НОВА ПЕСНА и НОВО ВИДЕО! Останете добри и очекувајте наскоро, 12/07/2022, 12:00 напладне“, напиша Ламбе пред неколку месеци.

По враќањето од Америка, Ламбе Алабаковски првиот јавен настап пред македонската публика ќе го имашена „Фолк Фест Валандово“, кој се одржа на 5 јуни. Пејачот пред да настапи на овој фестивал, кажа дека настанот е вистински момент да се претстави и со фолк нумера.

– Народната музика, едноставно е во гените на македонскиот народ. Така што апсолутно не станува збор за премин во фолкери.

Имајќи предвид дека песната е напишана од врвни еминентни и докажани музичари,кон кои имам голема почит, Миле Барбаровски кој ги направи музиката и аранжманот и Ѓорѓи Барбаровски кој го напиша текстот. одлучив дека сега е вистинскиот момент да се направи и сними песната “Нема Збогум”.

Миле Барбаровски ги има напишано сите големи хитови кои и денес се слушаат како “Заветна” на Пепи Бавтировски, ” Дали чекаш стара мајчице “на Гоце Арнаудов и многу други песни.

Дел од нив ги имам испеано на концертни настани и на тв- емисии. Планирам од пред десет години еден проект, но секогаш треба многу љубов и добар план за да се оствари сето тоа. Засега не би откривал повеќе.Што е наше ќе си дојде ,велат постарите – потенцира Алабаковски за Женски магазин.

Тоа е еден долг временски период во кој може и да се каже дека одморив созреав, имам и се наполнив со многу љубов кон својата професија.

Им благодарам на сите кои ме поканија и ме покануваат да гостувам и верувам дека допрва ќе соработуваме.

Овој начин на живот ми е доста познат и тоа како возење велосипед ако еднаш научиш никогаш не се заборава,макар и да има мала пауза. Особено ми е драго што слушам разни коментари повеќето од нив убави и радосни за моето враќање и во Македонија и во музичките води!

Мојот нов бенд групата “Марифет” и фронтменот кој е мој школски другар од Музичкото училиште во Битола, одлично се вклопија едноставо кажано професионалци со кои од првиот ден со поглед се разбираме за избор на песни и звукот ,атмосферата е феномелна.

-Можам да кажам дека првиот дел од периодот на адаптација помина, сега сме малку посталожени.

Да, Михаил е прво одделение и е одлично прифатен од соучениците и учителката Лидија и брзо напредува, веќе пишува и чита кирилица, а англискиот целосно го владее,засега е супер.

Има нови другарства и старо нови од времето пред да заминеме, врсници со кои се дружи излегува во парк итн. Засега не сака да чуе за назад во Америка.

Исто и Магдалена одлично се вклопува и мислам дека сме сите свои на своето, како велат “каменот тежи на место”, рече Ламбе откако се врати од Америка.

Ламбе на Фејсбук објави дека Новата година ќе ја помине работно, во Битола каде што живее, а ќе пее во еден ресторан, со својот бенд кој се вика „Марифет“. А тој објави и тазе слики како е качен на Галичица.

Има посебен повод за ова, а тоа е снимањето на песната „Вечниот Бог“, тоест снимањето на новата верзија на оваа песна, која и претходно ја пеел Ламбе, а овој пат ја пее заедно со Антониа Гиговска.

А сликите од Галичица се величенствени, и Ламбе е во друштво на нашиот познат режисер Дејан Пројковски, и со Стојан Стојановски, и до готографиите од овој наш национален парк се гледа дека маката се исплатела, тоест дека Ламбе и Антониа заедно со тимот ќе имаат убав спот.

Previous articleПравата дама, Елизабета Ѓоргиевска откри каква е вистински приватно, и раскажа каква домаќинка е
Next articleИако се раздели од сопругот, Тамара рече дека 2022 година ќе ја памети по убави работи- ги имаше многу…