Home Live Марија од „Ѕвездите на Гранд“ сосема смени имиџ- сега е нова личност...

Марија од „Ѕвездите на Гранд“ сосема смени имиџ- сега е нова личност и изгледа топ, а еве како ја искритикуваа на Инста (ФОТО)

Постои една девојка што знае да го замени славејот. Публиката ја доживува како автентична илузија во шармантна поставеност и позитива што го разубавува моментот.

Ова го напиша битолскиот портал Шеталиште за Марија Груевска, девојката која минатата сезона ги остави сите со подѕината уста на натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“.

Таа е совршен микс на магичен „шепотлив“ глас, перфекција, нежност и пикантерија од раскош, страст и енергичност.

Несомнено ги руши сите возможни и невозможни музички бариери, па очигледно испишува приказна што допрва ќе се раскажува.

Музика што допрва ќе се слуша, а ние…Епа тогаш ние ќе си се фалиме со муабетов што си го направивме со неа“, стои во овој текс, во кој понатаму се вели:

Марија Груевска е битолчанката која го прославува нашиот град, а штом го слушнете нејзиниот глас, како да имате некое чудно чувство што заносно ве тера да се слеете со акордите, да заборавите на местото, светот, времето, брзината.

Едноставно слушате и уживате. Песната е лек, а оваа девојка го има вистинскиот. Сега, земете си една чаша црвено вино, ѕирнете во нејзината приказна заедно со нас и едноставно… Оставете мислите да уживаат низ патот по кој ќе ве води овој волшебен глас.

-Јас сум најобична девојка, која како и многу други, посакав уште од многу малечка да бидам на сцена. Тргнав по тој пат, почнувајќи од основно преку средно музичко училиште, за да продолжам на музичката академија, каде што сум речиси при крај.

Од моето скромно искуство, мислам дека за да се владее на сцената ќе ми треба уште многу труд и искуство, но со работа и учење, за сега, се снаоѓам…

Сметам дека секоја сцена е предизвик, но искрено, би била среќна ако некогаш во животот, заедно со останатите членови од тимот на кој припаѓам, успееме да направиме некоја поголема турнеја… Но тоа е еден огромен сон..

Верувам во себе, во членовите на тимот и верувам дека чудата се случуваат само ако сите кои сме дел од нештото, вложиме максимална енергија и труд…

Тогаш се случуваат чудата…Тогаш се случуваат соништата!“, рече Марија додека пееше во „Ѕвездите на гранд“ и додаде:

Зад сцената е како и зад секоја сцена на вакво или слично шоу. Бара многу труд, подготовка, логистика и секако финансии, за сето она од зад сцената да изгледа вака како што изгледа на телевизиските екрани.

Морам да кажам дека иако се „големи” тие се многу достапни и обични луѓе. Секако ако некој од нас е во некој свој филм, тие стануваат недостижни, ама само за таквите.

За среќа јас сум раскрстила со суетата и некако супер сум прифатена. Им благодарам за тоа. Сепак пред сѐ сите сме само луѓе. Музиката е нешто кое не се меша со омраза. Како маслото со водата.

Некој можеби од незнаење ќе се обиде да ја обезвредни, ама таквиот не ја обезвреднува музиката, туку себе си. Јас сакам секаков стил на музика, затоа што стиловите ги гледам како перцепција во зависност од моментот и расположението.

Музиката е израз на чувства, запазувања и визија. Немаме сите исти чувства. Сакам сѐ што е популарно, таков смер и изучувам. Музиката и омразата не одат заедно“, изјавила таа.

Атрактивната битолска пејачка и нејзиниот партнер Синиша Стојаноски, во август направија голема свадба со сите адети во близина на Битола. Интересно е што венчалниот фустан кој привлече големо внимание во медиумите е креација на мајката на Марија.

Како што веќе откри Марија за српските медиуми, граѓанскиот брак и црковниот, како и прославата ги направија на отворено, кај еден манастир во бизина на Битола.

Марија тогаш беше русокоса, а сега на Инста профилот објави видео како ја пее песната „Сачувај тајну, љубави моја“, а до снимката, таа напишала: Можеш и на друга планета да одиш, ама Балканот и Балканскиот мелос секогаш ќе живее во тебе“, напишала Марија до оваа објава.

А, она што може да се забележи е дека Марија на оваа слика е црвенокоса, тоест дека изгледа доста различно од порано, и овој имиџ и стил супер ѝ стои.

Има секакви коментари на постот, кои се главно позитивни и го фалат нејзиното пеење.

Но, како и кај сите познати личности,и кај Марија има негативни коментари, а еден од нив вели: Рано ја заврши кариерата. Но, тој е само еден наспроти другите кои велат: Богиња, Бравос, најдобра си!

Previous articleКалиопи објави слика во костим за капење среде зима, со посебен повод (ФОТО)
Next articleЦеца и подаде рака кога ѝ беше најтешко- оваа водителка има многу тажна приказна