Home Live Наум распали по надлежните кои го одбиле за финансии за проект- ...

Наум распали по надлежните кои го одбиле за финансии за проект- Тешко на државата со такви !

Наум Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Инаку, како што објави Фокус, пречекот на Новата година на Градскиот плоштад во Скопје ќе биде само со македонски музички гости, и со нив ќе се реализира забавната програма, која се чуваше во тајност до пред неколку дена.

Како што раскажуваат музичарите, од Град Скопје дури пред два дена им дозволиле да објават на своите социјални профили дека ќе пеат за дочекот, за да биде изненадувањето поголемо.

Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус, Зуица Лазова, Ристо Самарџиев, Елена Ристеска, Мераклиите од Мерак Меана, Ленче и Горан Кукиќ се дел од музичарите кои ќе ги забавуваат присутните на плоштадот во Скопје, за време на дочекот на Новата 2023 година.

Реакциите на јавноста околу изборот на гостите се поделени, некои се радуваат на македонските пејачи, други пак, очекувале популарни музички имиња од соседството, а ова за Фокус го искоментирал Наум:

-Секој си има право на свое мислење во демократска земја. Така било отсекогаш“, рекол Петрески, а потоа кажал по што ќе ја памети оваа година што си заминува.

-Ќе ја памтам 2022 година по моите проекти за кои бев одбиен од Министерството за ,,некултура”, и се надевам кога ќе се смени оваа власт дека ќе се направи ревизија, да дознаеме кои се тие таленти кои одлучуваат, и каде ги фрлаат средствата за културни настани.

Веројатно кај роднини и пријатели, или по други за да извлечат некој процент за себе! Тешко на државата со такви министерства!

Уште малку и без идентитет и без држава! Единствената светла точка ми беше раѓањето на внукот, блиската фамилија и искрените пријатели кои се моја постојана поддршка – изјавил музичарот.

Previous articleИако се раздели од сопругот, Тамара рече дека 2022 година ќе ја памети по убави работи- ги имаше многу…
Next articleКаролина со објава од мајка си со посебен повод, еве зошто е среќна баба Светле (ФОТО)