Home Live Правата дама, Елизабета Ѓоргиевска откри каква е вистински приватно, и раскажа каква...

Правата дама, Елизабета Ѓоргиевска откри каква е вистински приватно, и раскажа каква домаќинка е

Елизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Држела предавања и работилници на научни конференции во Македонија и во странство.

Автор е на 2 и ко-автор на 3 монографии. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.

Со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен, и е доста актуелна во јавноста по нејзината хумана работа и стилот на облекување секако.

Кога ќе ја запознаете, кога ќе ја пратите во сите нејзини акции, кога ќе видите како живее и како работи, ќе ја видите и почувствувате и нејзината движечка сила.

Се разбира, и таа е само човек со сите маани и доблести, но улогата на Прва дама ѝ овозможува да прави и создава, да помага и да биде слушната, а преку неа сите оние кои не се слушнати и обесправени, стои во новото интервј кое Елизабета Ѓоргиевска го дала за Женски магзин и таму изјавила:

 

-Драги ми се сите проекти во кои сум вклучена затоа што сметам дека со секој од нив помагаме или во подигањето на јавната свест за некоја важна, но запоставена тема, или придонесуваме за поддршката за лицата на кои им е потребна.

Особено ми се драги сите проекти за лицата со атипичен развој или лицата во социјален ризик затоа што сметам дека ова се нашите сограѓани кои најчесто се тивки, често потиснати од тежината која ја носат како семејства, губат надеж и не се доволно гласни за нивните права или за придонесот кој можат да го дадат.

Затоа велам дека секогаш треба да ја гледаме способноста, вештината, што секој од нас ја носи во себе, затоа што некогаш талентот за пеење е кај детето со атипичен развој кое мислевме не комуницира.

Или жените во социјален ризик, невработени имаат вештини со кои може да заработуваат, само треба да им се даде шанса, или лицето со оштетен говор може да даде придонес на нови политики кои се креираат… секој од нас носи нешто со што може да направи нешто позитивно и со што може да придонесе за заедницата.

Исто така, секогаш ми се драги активностите за поддршка на девојките во науката, затоа што сметам дека како држава имаме огромен потенцијал кој можеме да го искористиме и потребно е да ги поттикнуваме девојчињата да се занимаваат со наук.

Но не само додека се дел од образовниот систем, туку да ја гледаат науката како животна определба и можност каде што можат да се развиваат и да придонесат и на високи позиции.

Еднакво важни ми се и другите иницијативи на кои секогаш давам поддршка, како борбата против родово базираното насилство и женското здравје, две исклучително важни прашања на кои мораме неуморно да работиме“рекла таа и додала каква е всушност приватно:

-Мислам дека приватно сум како и сите други, личност со свој круг на пријатели која се обидува да го избалансира времето меѓу професионалните обврски на Клиниката за стоматологија, обврските на факултетот, научно-истражувачката работа, обврските како сопруга на претседателот и семејството.

Кога сум послободна, гледам да си украдам малку време за себе, да се видам со некоја блиска пријателка, за некоја добра книга, филм или приготвување на некој специјалитет“, рекла сопругата на Пендаровски.

Previous articleЦеца и подаде рака кога ѝ беше најтешко- оваа водителка има многу тажна приказна
Next articleЛамбе се искачи на Галичица, се пофали со величенствена слика со оваа личност- има посебен повод за тоа (ФОТО)