Home Live Две причини за славење во домот на Милена, кога ја бакна мајка...

Две причини за славење во домот на Милена, кога ја бакна мајка си во образ, сѐ беше јасно (ФОТО)

Нашата најубава водителка, Милена Антовска неодамна по породилното отсуство пак се врати на работа во Канала 5, а инаку е сопруга на Гордан и мајка на две ќерки, Лана Марија и Јоана.

Јас сум човек што подобро функционира наутро, навечер веќе снемувам енергија и си легнувам доста рано“, рекла Милена во едно интервју во кое зборувала каква е таа приватно и што сака.

-Слушам многу стилови на музика. Зависи од расположение. Слушам и народно и забавно и многу сакам македонска музика. Секако ги следам и светските трендови, сакам и музика од англиско и шпанско говорно подрачје.

Сум имала многу предизвици во животот како и сите луѓе. И професионално и приватно. Во тој даден момент ми се чинеле дека се тешки, но кога сум ги надминала веќе станале лесни.

Предизвик ми било остварувањето во улога на сопруга и мајка, тешки ми се чинеле и предизвиците за почеток на секој нов проект, секоја нова емисија, тежок ми бил и предизвикот да се искачам на врвот Лакосигној итн.

На мое задоволство заради работата сум имала можност да се запознаам и соработувам со многу познати личности од Македонија, но и да правам интервјуа со познати од Србија, Хрватска…

Имам уште многу желби. Би сакала да го снимам и интервјуирам актерот Милош Биковиќ, ете тој ми падна сега на ум.

Најтешко е тоа што мојата работа некогаш е стресна. Постојано си под лупа, будно те следат, ја следат твојата работа и тоа знае да носи притисок со себе и не секогаш е лесно да се носиш со тоа“, рече Милена.

Потоа, таа раскажа каква домаќинка е: Кога сум во кујна најчесто за појадок подготвувам овес со овошје или омлет, а за ручек сакам некоја традиционална македонска манџа, но и некој специјалитет со месо.

– Не се согласувам целосно со тоа дека чевлите и чантата мора по секоја цена да бидат иста боја или целосно ист стил“, рекла Милена за мосата, а потоа кажала дека се чувствува убаво во она парче гардероба во кое се чувствува најудобно и своја.

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана.

Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно.

Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место“, рече таа.

-Иако не сум на утринска, сепак станувам рано, не во 05:30, но во 07:00 сум на нога. Планот и ангажманите ми се подредени најчесто според ќерка ми како што споменав погоре.

Кога е убаво времето сме надвор, а за дома имаме многу игри, боење, цртање итн.

Секако се гледам и со моите блиски колку што можам и колку што дозволува ситуацијата.

Имено, Милена прозборе за нејзините вишок килограми со кои се справува после раѓањето на нејзината втора ќеркичка Јоана.

„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана.

Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку.

Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика @gordanstankovski.

Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите, напиша Милена која изгледа неверојатно убава и згодна,“ напиша Милена летово кога објави слика од себеси во костим за капење.

Милена објави слика со мајка си и таа на овој ден има две причини за славење. На нејзината најголема поддршка, мајка ѝ на Милена ѝ е роденден, но воедно, таа отишла и во пензија.

Милена објави слика како ја бакнува мајка си во образ и напиша:

-Мамичке моја среќен роденден и со здравје да си ја користиш пензијата.

Previous articleСребра: Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара
Next articleНа Богдана сликите се поубави од на Анастасија, ваква убавица за снаа ретко кој може да добие (ФОТО)