Home Live Елена Ристеска се позгодна и позгодна, ги истакна долгите нозе во овој...

Елена Ристеска се позгодна и позгодна, ги истакна долгите нозе во овој провоктивен фустан со деколте, заедно со Каролина (ФОТО)

Елена Ристеска во моментов е послабо активна во музиката, но нешто сосема друго ѝ го окупира времето на популарната пејачка.

Елена од неодамна е сопственик на своја козметичка линија ЕРА, која го носи името според нејзините иницијали и првата буква од имeто на нејзиниот покоен татко, Ацко. Сепак, Елена неодамна издаде нова песна која се вика „JHard to be in Love“.

Пејачката во неколку интервјуа изјави дека е зафатена со промоцијата на женскиот и на машкиот парфем и нема време за љубов.

Но, не ја исклучува можноста повторно да се омажи.

Таа неодамна изјави дека ја нервира што луѓето се полни со предрасуди за јавните личности. Тоа го искажа и во една од нејзините песни „Немаш право да ми судиш“, за која го напиша текстот.

„Луѓето се полни со предрасуди за нас, не знаат во што да веруваат, а во што не од напишаното или кажаното.

Не е ни за осуда таквиот став, денес може да се пише сè и сешто за секого без да се сноси одговорност ниту да се има совест дека се влијае на нечија судбина, па луѓето се во заблуда за нас.

Но, кога ќе ти пријде потенцијален партнер и ќе те разочара со прашања од типот на: „Сум чул за тебе „тоа и тоа” или вистина ли е “тоа” за тебе“, веднаш сфаќаш дека тоа не е дораснат и доволно реализиран партнер за да можеш да градиш иднина со него“, рече таа.

Познато е дека Елена Ристеска беше голема пријателка со Влатко Илиевски.

Пејачот кој прерано не напушти е роден на втори јули, и по тој повод неколку пријатели се сетија на него минатата година.

Тој е нашиот модерен херој. Мислам дека оваа држава треба да им оддава почест на таквите модерни херои како Влатко кои се бореле за Македонија преку културата. Затоа, мое мислење е дека улицата во којашто живееше, треба да се вика Влатко Илиевски“, изјави Марко Маринковиќ Слаткаристика во Женски магазин.

-Го видов првпат во „Вулкан“, сестра ми Јана ме однесе на свирка. Потоа го видов на телевизија и ѝ реков на мајка ми: Е, овој дечко ќе ми биде дечко еден ден. И многу скоро се сретнавме случајно.

ми стигна порака на телефон после неколку дена: „Сакаш да идеме на кафе? Јас носев ѕвонарки, плава јакна и кремаст џемпер. Toj тексас јакна , фраерски панталони и шал. Беше прекрасен .

Бевме на пиво па шетавме на кеј кај мене кај „Три бисери“. Почна да врне снег и се бацивме, ми рече дека ќе ми пише утре и си тргна пешки накај дома по снегот. Беше совршена ноќ“, рече за Влатко актерката Ана Стојановска која му беше девојка.

-Еден од најинтересните моменти беше кога си ги заменивме улогите за први април на „Бекстејџ“ каде што бевме водители.

Паметам кога ми се јави и ме праша: Маца , што ќе се маскираме за први април?

Му реков: „Не знам , ајде да смислиме нешто интересно“.

И ми рече: „Имам супер идеја. Ајде да си ги смениме улогите. Јас ќе те имитирам тебе, а ти мене.“, се сети Марјана Станојковска.

Свое сеќавање споделила и Елена Ристеска:

-Анегдоти има повеќе, една што ја паметам е таа кога со мајка ми се договараа да и’ биде зет , секако без да знам јас.

Потоа, во една прилика се налутивме и после некое време се сретнавме и веднаш прозборевме како ништо да не било, смеејќи се дека ниту еден од нас не памети зошто сме се налутиле.“

Инаку, на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, на профилите на Каролина е објавено дека таа ќе има новогодишно шоу на Македонската радио телевизија, на новогодишната ноќ, на 31 декември.

Драги мои, Многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1!

На 31ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели Елена Ристеска, Лара Иванова, Влатко Лозаноски- Лозано, Пијан Славеј и Teen Camp.

Се гледаме на 31ви декември на МРТ1! Ваша, Каролина“, сти во оваа објава. А на истата е објавена слика од Елена и Каролина како пеат заедно. Каролина изгледа ептен згодна на оваа слика, во црн комбинезон со деколте.

Ама, многу убаво изгледа секако и Елена, која е облечена во син фустан, доста краток, со деколте, и на оваа фотка, Елена ги истакнала долгите нозе. Како што поминуваат годините, нашата пејачка како да е се позгодна и позгодна.

Previous articleФерус го покажа својот нов дом и кажа- за ова вечно ќе му бидам благодарен на Шабан Шаулиќ
Next articleКога Дебарлиева преминува улица вака дотерана, сигурно сите се вртат по неа- еве зошто ја нарекоа пеперутка (ФОТО)