Home Live Ферус го покажа својот нов дом и кажа- за ова вечно ќе...

Ферус го покажа својот нов дом и кажа- за ова вечно ќе му бидам благодарен на Шабан Шаулиќ

Кралот на музиката, Ферус Мустафов, мајсторот на дувачки инструменти, во една прилика МС.мк изјави дека тој е во добро односи со сите свои колеги.

-Јас фала му на Бога живеам со сите, не се мразам со никој и никогаш не сум забележал некој да не ме почитува.

Ме почитуваат и овде и надвор. Ее тоа да се постигне е многу тешко, ама јас го постигнав. Затоа пак ќе речам, само треба да си човек, ништо друго не е потребно. Еве еден пример ќе дадам.

Со син ми шетаме низ град и влеговме во еден дуќан. Кога влеговме сите ме поздравуваат, ме прашуваат како сум. Кон мене така реагираат сите.

И не е само тука, такво почитување јас имам и тоа многу повеќе надвор од државава. Е тоа е многу важно не само за мене за било кој од нас. Да се почитуваме.

Ако не е човек што сака друго нека биде. Ама тоа е тешко да се постигне. Па нас повеќе не утепа короната, отколку зборовите. Ако продолжи вака ќе заборавиме и да свириме, додава тој.

Потоа, за истиот портал зборувал за тоа како издржал финансиски во време на вирусот.

– Како издржав? Ете издржав некако и уште издржувам и јас и моите колеги. Мора живот да се тера, мора сметки да се плаќаат.

Јас не сакам пари да ми даваат, не сакам милостиња од никој. Сакам да не пуштат да работиме, сам да си платам сметки, да има за храна и за сите основни човекови потреби“.

Во една прилика изјави вели дека музичката сцена е во криза и откри дека денес не се заработува добро и солидно како што било во минатото.

„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно.

„Нема веќе одење и трошење на пари по други жени, сопругата ме кара и не смеам. А и не сакам, среќен сум со неа“, рече Ферус пред пандемијата.

Иако своевремено Ферус тврдеше дека жените како и музиката го одржуваат во живот, изгледа дека работите веќе се смениле, па сега се држи само до музиката и неговата сопруга.

Исто така, на прашањето колку жени поминале во неговиот крев ет, бидејки важеше за голем заводник и срцекршач како млад, еве што одговори:

„Ако кажам може ова жена ми да го прочита и да се наљути и не смеам многу многу да се фалам. Но ајде, ќе бидам искрен, поминале доста жени во мојот кревет. Кај што сум бил низ светов, можам да се пофалам дека сум бил посакуван.“

Во Вечер.мк Ферус изјави дека тешко живее од неговата мала пензија.

-Поради короната останав без работа, без популарно наречените тезги. Со мојата пензиичка од 9.000 денари не се живее. Српска пензија не добивам бидејќи не сум нивен државјанин иако во Србија имам настапувано повеќе отколку во Македонија, објаснува Ферус.

Што можам со тие кои не се ни 150 евра? Национална пензија Македонија не ми дава, а таа е колку што знам преку илјада евра.

Со овие сега, можам да платам некоја помала сметка и толку. Струјата не можам да ја платам кога е зима, ладно, а морам да се греам.

А, јадењето каде е? Тоа е најскапо. Треба нели здраво да се храниме. Далеку е овој народ од здравото јадење, има многу болни луѓе кои немаат пари за лекарства.

Тешко ми е, ама ќе се издржи. Важно останав жив, се придржувам до сите здравствени мерки. Ама понекогаш трпението ми попушта. Не е лесно“, изјави за Вечер кралот на ромската музика.

Ферус беше гостин во Утринската програма на Канал 5, и таму кажа доста интересни нешта, а водителката Милена Антовска- Станковска беше во неговиот дом и разговараше со него и со неговата ќерка Мелек.

Милена ја праша Мелек што сака да стане кога ќе порасне, а таа рече дека се уште не се одлучила. Ферус зборуваше за тоа како кога ќе оди во Австралија е убаво пречекан од нашинците таму.

-Таму нашите луѓе сите ќе те пречекаат убаво, ќе те викнат кај нив на гости на ручек, такви се, многу не ценат. Сум бил секаде, во Австралија, во Америка, во доста земји и секаде сме убаво прифатени“, рече Ферус.

Потоа водителката го праша за бакшишот што го земаат, и каде е најдобар, а Ферус кажа: Сите тоа ме прашуваат за бакшишот. Бакшишот не е толку важен. Нашата професија е коцка.

Некаде ќе добиеш бакшиш, некаде нема да добиеш, тоа и не е толку важно. Ако веќе ве интересира толку за бакшишот, најголеми пари што имам земено, тоа се со Шабан Шаулиќ, тоа никогаш нема да му го заборавам, тоа беа добри пари“, изјави Ферус.

А, освен на на Канал , тој својот нов дом го покажал и на социјалните мрежи, кога прославил роденден со своите најмили пред десетина дена, и колку што може да се види на сликата, станува збор за комотен простор на две нивоа.

Previous articleЉубчо Георгиевски по подолго време се огласи во медиумите – еве што им кажа на Бугарите
Next articleЕлена Ристеска се позгодна и позгодна, ги истакна долгите нозе во овој провоктивен фустан со деколте, заедно со Каролина (ФОТО)