Home Live Го гушна саканиот со посебен повод и го покажа луксузниот дом- Драгана...

Го гушна саканиот со посебен повод и го покажа луксузниот дом- Драгана Мирковиќ има повод и блеска од среќа (ФОТО)

Бракот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ трае повеќе од три децении и навистина одолеа на сите предизвици, а од оваа временска дистанца, периодот кога овој бизнисмен ја запроси познатата пејачка, ни помалку ни повеќе, туку на семафор додека беа чекањето зелено светло да се вклучи, изгледа многу одамна.

Драгана Мирковиќ е една од најпознатите пејачки во Србија и во дијаспората. Иако многумина на почетокот од кариерата и се потсмеваа на изгледот, таа сега е една од жените со одличен стил.

Драгана повеќе од дваесет години не живее во Србија. Таа е во Виена заедно со сопругот Тони Бијелиќ, кој има свој приватен бизнис, и со децата Мануела и Марко.

Куќата во која живее Драгана е како од бајките, таа има свој приватен спа центар. Куќата има неколку спални соби, базен, дрвени скали, бања украсена со Сваровски кристали, приватна сауна и префинет италијански мебел.

Мирковиќ објави убав пролетен колаж од фотографии – го посети австрискиот град Херштајн и позираше на тревата полна со цвеќиња.

„Еден прекрасен ден во природа“, напиша Мирковиќ во својот пост. Жан Клод Ван Дам, славниот актер реагираше во коментарите.

„Изгледаш убаво, како и секогаш“, ѝ рече актерот на својата долгогодишна пријателка. Фотографијата има над илјада лајкови, а многумина забележаа дека Ван Дам е меѓу коментаторите.

Да потсетиме, Ван Дам и Мирковиќ случајно се сретнаа во Виена. Популарниот актер веќе неколку пати ја рекламира Драгана на социјалните мрежи, а не крие дека е обожавател на нејзината музика.

Драгана Мирковиќ е голем првирзеник на љубовта и на патувањата, а сега ги спои овие две работи и ги воодушеви своите следбеници со својот пост на социјалните мрежи.

Пејачката е позната како некој што сака патувања, но и како голем поборник на љубовта, а сега објави и објава на својот Инстаграм профил во која се комбинираат овие две работи, пренесува Ало. Имено, пејачката на своите социјални мрежи објави видео со коментар кој ги израдува сите.

Без оглед што живее во луксуз, за Драгана велат дека е мнигу скромна личност и сака да се дружи. Една од нејзините добри пријателки е и Лепа Брена.

Необичната приказна на драгана и на Тони е вистински доказ дека браковите кои започнуваат на необичен начин понекогаш се подолготрајни од оние со класични романтични приказни.

Во нивниот дом во близина на Виена изградија семејно гнездо во кое живеат бајковит живот со нивните деца Марко и Мануела, а специјално украсени за новогодишните празници, секој агол на замокот Ебенфурт сега зрачи со посебен сјај.

Иако Драгана никогаш не ја споделила својата приватност во чинија, ретки се моментите кога ѕиркаме во нивната оаза на мирот, а сега решила да направи исклучок, бидејќи тоа е важен датум за целото семејство.

Имено, Тони, нејзината најголема љубов и поддршка во животот, прослави роденден, а пејачката поводот го објави на својот „Инстаграм“ објавувајќи фотографија од семејната куќа каде сопружниците позираат прегрнувајќи се.

– Среќен ти роденден љубов моја – балканската дива од срце и посака најубави желби, а во честитките се придружија и армијата нејзини фанови кои им посакаа долготрајна љубов.

Бракот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ е вистински пример за совршена хармонија, а доказ за тоа е и оваа фотографија на која тие изгледаат вљубени како и првиот ден.

Previous articleЈака шминка, долги светкави нокти и тренерки- Антониа Гиговска ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)
Next articleАнета и Молика со убави вести за нашинците од Америка, еве зошто им кажаа браво!