Home Live Јака шминка, долги светкави нокти и тренерки- Антониа Гиговска ваква не сме...

Јака шминка, долги светкави нокти и тренерки- Антониа Гиговска ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, вели дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.

Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тена, Иван говореше во Бекстејџ.

– Јас не сакам да коментар за тоа што е вистина и што не е вистина. Тоа се зборува и низ градот, тоа и мене ми го кажале многу луѓе. Јас ќе се повлечам, нема да коментирам ништо, нема да загрозам ничији пат.

Времето ќе си покаже , на секој Господ ќе му го покаже патот“, рекол Иван. „Јас не сум зломаптило, јас сум човек што остава да се случуваат работите“, рекол Иван.

Антониа пред извесно време објавила слики од забавата која ја организираше Бекстејџ, каде што дошла во долг тесен сребрен фустан со отвотребн грб и супер изгледала. А Иван пак, бил на истипт настан со неа, но на сцената.

Толку блиску, а толку далеку, Антониа и Иван не можат да се избегнат еден со друг никако- и не се знае, можеби судбината пак ќе ги спои.

А, инаку според информациите на „Убавина и здравје“, парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

Шпекулациите за нивниот раскин започнаа уште пред неколку месеци кога двајцата престанаа да споделуваат нивни заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но потоа двајцата сето тоа го демантираа летово со нивниот заеднички одмор во Турција.

Да, вистина е дека Иван и Антониа не се повеќе заедно. Но, она што е најважно што тие останаа во добри односи.

Не верувам дека ќе се дружат и ќе пијат зеадно кафиња после се, но важно останаа во „ок“ односи, потврди нивни заеднички пријател за магазинот.

Антониа е секогаш средена девојка и има свој оригинален имиџ, а новата слика која ја објавила е доста необична и интересна, всушност ваква не сме ја виделе досега нашата позната пејачка.

Антониа е сликана со тренерки, ама она што се истакнува на фотката е нејзината посилна шминка и ноктите кои се доста светкави и долги. Изгледа дека Антониа се подготвувала за некој настап, па се сликала кај својот стилист.

Previous articleДијамантското деколте на Маријана Станојковска- нашата водителка се надмина себеси со овој изглед (ФОТО)
Next articleГо гушна саканиот со посебен повод и го покажа луксузниот дом- Драгана Мирковиќ има повод и блеска од среќа (ФОТО)