Home Live Кога Дебарлиева преминува улица вака дотерана, сигурно сите се вртат по неа-...

Кога Дебарлиева преминува улица вака дотерана, сигурно сите се вртат по неа- еве зошто ја нарекоа пеперутка (ФОТО)

Доколку го гуглате нејзиното име на интернет, ќе можете да прочитате уште многу позитинвни и пофални коментари од модни дизајнери, стилисти, фризери, шминкери кои не се штедат да упатат убави и пофални зборови на сметка на Билјана Дебарлиева.

Таа е препознатлива по својот нежен сензибилитет , но во исто време е и личност која секое парче ставено на себе го претвара во сопствен израз.

Своето убаво лице Билјана почна да го покажува на телевизија пред 19 години во МТВ, а оттогаш во нејзината кариера следеа низа проекти во кои таа секогаш е уникатна и препознатлива кај луѓето, напиша Фешнел во дна прилика за нашата позната презентерка.

Потоа, Дебарлиева ја гледавме како презентер на вестите на Канал 5 телевизија, посветена и оригинална во својата работа, од пред неколку месеци таа на ТВ 24 ја води емисијата „Фактор здравје“.

-Во целост се согласувам со тоа дека секоја припадничка на понежниот пол, без оглед на возраста, статусот, професијта, мора да внимава на својот изглед.

Кога мислам на убавина, мислам и на надворешниот, физичкиот изглед, ама и на внатрешната убавина.

Немам тајна за изгледот, едноставно ова што го имам е дадено од природата. Но, насмевката на лицето, позитивната мисла и пренесувањето на таа позитивна енергија, мислам дека е клучот на мојот успех.

Секако дека има позитивни и негативни страни, постојано си под луша и на гледачите, ама и на луѓето што ќе те сретнат на улица. Негуваниот изглед стана дел од мојата професија и од моето секојдневие уште од самиот почеток.

Во поглед на средувањето за утринските вести кои почнуваат во 7 наутро, веќе научив многу брзо да се подготвувам, а во однос на фризурата имам среќе што косата ми е квалитетна па имам фризура и по неколку дена а да изгледа како утрото да сум била на фризер“, рекла претходно Билјана и додала:

Многу ми годат и ми значат комплиментите, бидејќи се кажани токму од професионалци кои најдобро знаат како треба да изгледа еден лик од тв екраните, ама во исто време за мене е и обрвска и поттик да не ги изневерам нивните очекувања во иднина.

Воопшто, затоа што и на самиот почеток на мојата кариера и денес јас сум истата, не им ја наметнав мојата популарност и тие ја сфаќаат како и секоја друга професија.

Јас приватно сум само Билјана Дебарлиева, посветена мајка, сопруга, а не лице од тв екранот.

Понекогаш знам и да се пошегувам на своја сметка велејќи дека сум зависна од шопинг, па така нешто што многу ми се допаднало го купувам, а потоа сваќам дека и не ми било потребно.

Се наоѓаат секакви парчиња облека и поефтини и поскапи. Не патам од тоа да имам брендирана облека, туку таа да биде разновидна и да можам лесно да ја комбинирам.

Исто се подготвувам и за на работа и за излегување, во смисла на времето потребно за шминка и избор на гардероба. Што сум испраксирала го правам мошне брзо и успешно.

За жал, сеуште постојат злонамерници, ама жената се повеќе докажува дека убавината, знаењето, успехот, професионалноста и тоа како одат заедно и добро функционираат“, изјавила Билјана.

Дебалриева на Фејсбук споделила објава од наш познат бренд за кој се сликала в фустан што супер ѝ стои, а во него таа преминува улица.

Па, ако Билјана преминува улица во еден ваков фустан, сигурно дека сите ќе се вртат по неа, а на Фејсбук доби разни комплименти.

-Како и секогаш прекрасна“, стои во еден коментар од нејзините пријатели. „Како пеперутка си Биби“, стои во друг коментар кој го фали изгледот на ова наша убава презентерка.

Previous articleЕлена Ристеска се позгодна и позгодна, ги истакна долгите нозе во овој провоктивен фустан со деколте, заедно со Каролина (ФОТО)
Next articleКриеле од сите дека се венчале по 16 години, еве како изгледала тајната свадба на Наум и Зуица во Охрид