Home Live Криеле од сите дека се венчале по 16 години, еве како изгледала...

Криеле од сите дека се венчале по 16 години, еве како изгледала тајната свадба на Наум и Зуица во Охрид

Долга и богата е историјата на нашиот познат фолј пејач Наум Петрески. Тој со музика се занимавал од самото детство.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од Македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 година почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Настапувал на бројни фестивали, а самиот почеток бил во 1990 г.на фестивалот “Фолк хит на годината” со песната Наум бекрија.

Во 1991год. со забележителен настап како млад и перспективен вокал со песната “Има ли песна” постигнал најголем успех во историјата на валандовскиот фестивал освојувајќи четири награди прво место од публика, најдобар дебитант, второ место од жири и награда за интерпретација.

Истата песна била избрана за фолк хит на годината, а Наум ја добил наградата за вокал на годината.

Од тогаш до сега се ределе бројни настапи, успеси во Македонија и низ дијаспората. Од тие настапи му биле доделени голем број признанија, благодарници и плакети.

Испеал голем број дуети “Љубов голема” со фолк дивата Виолета Томовска, “За Македонија” со Есма Реџепова,

“Пеј бистро пеј” со Сузана Спасовска, потоа дуети со Росана Тодоровска и песната “Сенките под маслините”, “Тиквешка елегија” со Зуица Лазова, “Љубовта не отепа” со неговата ќерка Анастасија Петреска и многу други….

Некои од песните се обнародени како што се “Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Љубов голема”, “Лазарополе”. Издал две касети првата под наслов “Има ли песна” и втората

“Жал за Деспина” и три цедеа “ Песно моја”, “Пат за Македонија”, “Оди звездо” и заедничко ЦД со етно групата Синтезис насловено како Синтезис и Наум Петрески.

Едно од најголемите дела во кое учествувал е проектот Македонска чалгија во која учествувал со дури 45 песни од 120, распределени во албум од 6 цедеа.

Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истанбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи.

Остварувал соработка со гордоста на македонското оро Танец, со КУД “Кочо Рацин”, КУД “Орце Николов”, КУД “Билјана”-Скопје, со КУД “Панчо Пешев”-Куманово.

Учествувал на голем број хуманитарни концерти, а се јавувал и како организатор на истите еден од нив е помош на децата парафлегматичари од Прилеп и околијата.

Зад него се паметат три солистички концерти првиот во 1992год, вториот во 2001 и третиот во 2011год. на кои учествуваале врвни имиња од Македонија и Србија.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно . Сепак, фестивалите како што ни рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум во едно интервју за Публицитет.мк.

Не заборавам добрина никому, а лошото брзо ми поминува не го ни памтам. Не случајно е речено, животот ги пишува романите. Најголем дел околу седумдесет проценти од моите песни се инспирирани од мојот живот“, изјави Наум во истото интервју.

Тој е сопруг на Зуица Лазова, и е татко на четири деца три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.

Наум како горд стужанец правеше промоција за своите блиски пријатели и соработници на свој терен, во Радожда минатто лето. Поводот беше новата песна која се вика Гнездо, а автор е Даме Коларовски.

На промоцијата дојдоа многу пријатели на Наум, меѓу нив и Андреј од ДНК со сопругата, а една од сликите што ги сподели на Инстаграм злато вреди, затоа што Наум е со своите најмили, Зуица и децата: Македонка и Стефан.

Пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, по 16 години заднички живот и две деца, тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале, ексклузивно дознава ММС.

Ова се случило пред шест месеци, но Зуица и Наум не сакале јавноста да знае, а тоа им го кажале и на најблиските, кои биле гости на двете брачни церемонии, во матично и во црква.

Извори на ММС, а блиски на Наум и Зуица, ни раскажаа дека тие најпрво склучиле граѓански брак во Скопје, но десетина дена подоцна се венчале во Охрид, поточно во Свети Наум, а ги венчал отец Нектариј.

Потоа, како што е редот, имало и мала забава во ресторан каде што се сечела торта. Инаку, Наум и Зуица имаат дев деца, Стефан кој е деветто оддление и Македонка која има 20 години и е студент. Целата приказна можете да ја прочитате на ММС, ТУКА.

Previous articleКога Дебарлиева преминува улица вака дотерана, сигурно сите се вртат по неа- еве зошто ја нарекоа пеперутка (ФОТО)
Next articleБремената Анѓелка Прпиќ фатена со новиот дечко Марко кој ѝ беше кум, испливаа и снимки од венчавката со Дарио