Home News Љубчо Георгиевски по подолго време се огласи во медиумите – еве што...

Љубчо Георгиевски по подолго време се огласи во медиумите – еве што им кажа на Бугарите

Поранешниот премиер  и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, по подолго време се огласи во медиумите  и даде интервју за бугарското радио Фокус.

На новинарското прашање за критиките, како кон македонските, така и кон бугарските власти, Георгиевски меѓу другото рече:

„…јас си дозволувам да ја критикувам локалната политика овде, во македонските медиуми, па вие ќе ми дозволите да ја критикувам бугарската политика во бугарските медиуми.

Имам чувство дека во Бугарија некои луѓе едноставно ја имаат Македонија како професија. Тоа стана нивна работа и главна тема на комуникација. Во Бугарија секој втор е експерт за Македонија.

Но, од друга страна, има многу малку разбирање за Македонија. Да ви кажам мое видување за иницијативите за основање на клубовите „Цар Борис“ и „Цар Фердинанд“ во Македонија, има неколку точки: прво, ги следам реакциите во бугарското општество и можам да ви кажам и историски и тематски.

Историски гледано, и царот Фердинанд и цар Борис беа производ на жестоки критики не само на македонската политичка емиграција и на македонските политички структури од старите времиња, каде ниту левицата ниту десницата не размислуваа многу добро за ниту едното, ниту другото.

Да не зборуваме дека во самото бугарско општество имаат противници колку сакаш. Ако ја следиме дискусијата за цар Борис и по Втората светска војна и во самото бугарско општество, нема многу разјаснети моменти.

Следам многу бугарски анализи и сакам да кажам дека имате многу голема бугарска левица која ги критикува постапките на цар Борис.

Значи, прашања кои се уште не се добро разјаснети во Бугарија, некој сака да ги донесе во Македонија, непотребно.

Ако погледнете, не можете да го обедините Гоце Делчев со цар Фердинанд бидејќи Гоце Делчев на некој начин бил тесен социјалист и републиканец, а уште помалку – Цар Борис со Ванчо Михаилов, бидејќи добро знаеме дека цар Борис за време на Во 1934 година, на Ванчо Михаилов.

ВМРО беше забранета во Бугарија и многу негови следбеници беа зат ворени во бугарските за твори, а тој едвај избега.

Некои работи не можат да се мешаат. Кога станува збор за овие бугарски клубови, Бугарија мора да разјасни дали сака да има бугарски клубови во Македонија или сака да има бугарски клубови како „Цар Фердинанд“ и „Цар Борис“ и други такви имиња, кои се именувани токму така и дали знае дека ќе предизвикаат токму таква реакција во Македонија.

И тоа ќе им даде дополнителна храна на сите непријатели на бугарско-македонското пријателство. Значи, потребна е поголема тактичност.

Ќе потсетам дека во Македонија, пред да ескалираат етничките прашања, во петнаесет градови имаше клубови за македонско-бугарско пријателство, што не предизвика никаква реакција.

Има клуб на македонски Бугари, кој во Македонија работи петнаесет до седумнаесет години, а исто така не предизвикува никаква реакција.

Има две партии со јасен став за пријателство со Бугарија, а исто така не се предмет на остри критики. Значи, има нијанси за кои некои бугарски структури треба да внимаваат ако сакаат да имаат добра атмосфера.

Ако сакаат да им дадат храна на оние кои само чекаат да добијат таква храна од Бугарија, за да го нападнат бугарско-македонското пријателство…“

Целото интервју на Љубчо Георгиевски, прочитајте го на Фокус Нет – ТУКА

Previous articleКаролина со објава од мајка си со посебен повод, еве зошто е среќна баба Светле (ФОТО)
Next articleФерус го покажа својот нов дом и кажа- за ова вечно ќе му бидам благодарен на Шабан Шаулиќ