Home Live На Богдана сликите се поубави од на Анастасија, ваква убавица за снаа...

На Богдана сликите се поубави од на Анастасија, ваква убавица за снаа ретко кој може да добие (ФОТО)

Во емисијата „Нај од нај,“ на телевизија Блиц, во една прилика покажуваа како изгледале некои јавни личности пред естетските зафати, од српската естрада.

На топ листата се најде и снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ. Таа е вистинска убавица, но малкумина се сеќаваат како изгледала Богдана Ражнатовиќ и што промени на себе.

Поради нереалната убавина на Богдана, многумина шпекулираа дека таа многу работи променила на себе, но сопругата на Вељко Ражнатовиќ очигледно само ги зголемила усните.

Нејзиното витко тело се должи единствено на секојдневните тренинзи.

Вељко Ражнатовиќ неодамна откри дека неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ е во блажена состојба и дека очекуваат уште еден син.

Боксерот и неговата сопруга веќе имаат наследникот Жељко, а за членот на семејството кој доаѓа веќе смислиле име-Крстан.

Вељко пред некое време на својот Инстаграм профил сподели фотографија од синот и бремената Богдана на која јасно се гледа нејзиниот труднички стомак.

На сликата таа позираше во кафен фустан, кој на некои делови беше проѕирен, и се гледа дека блажената состојба ѝ годи.

Вељко во описот на фотографијата напиша: „Леле, колку ми е убава сопругата!“

Богдана Ражнатовиќ е во петтиот месец, а како што потврдија идните родители, тие ќе добијат уште едно момче.

Познатиот пар веќе го има тригодишниот син Жељко, кој како и останатите членови на семејството со големо нетрпение го очекува доаѓањето на неговото братче.

Но, радоста на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ ја расипуваат проблемите што Богдана ги има за време на бременоста.

Имено, кр вниот притисок на убавата сопруга на Вељко варира, исто како и во претходната бременост, па сите се многу загрижени поради тоа, иако докторот ги убедува дека тоа не е ништо загрижувачко, и дека тоа се нормални проблеми во бременоста.

Иако знаат дека проблемите за време на бременоста само ќе продолжат, како флуктуирачки притисок, до отекување на нозете, несоница и замор и дека тоа е сосема нормално кога се работи за блажена состојба, нивната грижа не е ништо помала.

Женскиот дел од семејството е особено загрижен за здравјето на Богдана, па сите максимално се вклучени со малиот Жељко, за да може што повеќе да се одмора.

Иако избегнува големи собири, Богдана неодамна се појави на мечот на Вељко во друштво на Цеца, Анастасија и нејзините родители, а не можеше а да не се забележи колку Ражнатовиќ блеска во бременоста.

Познато е дека семејството живее во голема заедница, а дека во вилата во Љутиче, Богдана покрај нив живее и сестрата на Цеца со сопругот и четирите деца, а фолк дивата постојано потенцираше дека е многу среќна што нејзиното семејство е толку големо.

Затоа, не треба да чуди што е исклучително среќна поради доаѓањето на уште едно внуче.

– Само да се множиме – низ смеа изјави фолк дивата, а потоа откри каков е нејзиниот син како родител:

– Вељко е фер. Ова го кажувам од родителска гледна точка. Ја поддржувам тезата дека детето едноставно мора да се води.

Не можете да разговарате со тригодишно дете на ист начин како што можете со девет или дванаесетгодишно дете.

Состојбата на свеста и зрелоста на детето е сосема поинаква. Треба да му објасниш сѐ на детето, од тоа што не смее да ја стави раката во штекер или да трча по скали…

Мислам дека Вељко и Богдана имаат апсолутно здрав пристап кога станува збор за воспитување на дете.

Семејството Ражнатовиќ пред неколку денови го прослави празникот Свети Никола, а на собирот во домот на пејачката Цеца Ражнатовиќ во Дедиње дојдоа голем број на гости.

Сопругата на синот на Цеца, Богдана Ражнатовиќ блесна во бело, а на сликата, која Богдана ја објави стоеше до Анастасија.

Богдана се покажа во бело издание, на кое се забележуваше трудничкото стомаче.

Имено, Богдана претходно, воопшто не сакаше да се експонира, но сега не ѝ е грижа повеќе за тоа.

На последната фотографија која ја објави од славата Св. Никола, која семејството Ражнатовиќ редовно ја празнува, стоеше еден коментар дека сликите на Богдана на Инстаграм се многу поубави од Анастасија.

Профилот на Богдана е со семејна тематика и може да се забележи дека таа навистина има вкус во сѐ што објавува.

Previous articleДве причини за славење во домот на Милена, кога ја бакна мајка си во образ, сѐ беше јасно (ФОТО)
Next articleАнастасија се пофали што зголемила на себе – ќе му се допадне промената на фудбалерот (ФОТО)