Home Live Ова е Кели Насименто, ќерката на Пеле – пред малку се огласи...

Ова е Кели Насименто, ќерката на Пеле – пред малку се огласи на Инста со трогателна вест

Бразилскиот крал на фудбалот Пеле, кој освои рекордни три титули на светските првенства и стана еден од најпопуларните спортисти на 20. век, се упокои денес, на 82 години.

Легендарниот фудбалер се лекуваше од рак на дебелото црево од 2021 година, а изминатиот месец го помина во болница поради компликации. Упокојувањето го потврди неговиот агент Џои Фрага.

Сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација.

Во дебатите за најдобар фудбалер на сите времиња, неговото име се споменува во конкуренција на Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Вкупната бројка на голови во кариерата на Пеле се движи од 650 до 1.281, во зависност од изворите.

Еден од најголемите играчи на сите времиња за жал ја загуби битката со ракот на 82-годишна возраст и замина во вечноста, оставајќи во солзи милиони Бразилци и искрени фудбалски фанови.

Пеле пред една година ја доби битката со ра кот на дебело црево, но за жал болеста агресивно се врати и направи сериозни проблеми врз неговото здравје, кои за жал вечерва резултираа со упокојување.

Неповторливиот Бразилец почина на 82-годишна возраст во болницата „Алберт Ајнштан“ во Сао Пауло, од каде ќерката Кели испрати и срцепарателна слика како последен поздрав за својот татко.

На сликата се рацете на членовите на семејството, ставени врз рацете на легендарниот Пеле.

– Се што сме ние е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир, – гласи пораката на Кели Насименто.

Previous articleАнета и Молика со убави вести за нашинците од Америка, еве зошто им кажаа браво!
Next articleOд сите жени, Пеле најмногу беше вљубен во оваа жена – Ја запознал во лифт (ФОТО)