Home News По подолго време се огласи Заев Зоран и објави како признание добил

По подолго време се огласи Заев Зоран и објави како признание добил

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, по повлекувањето од функциите, се посвети на работата во семејните компании, но и ја основаше фонадазијата „Заев – Едно општество за сите“.

Зоран Заев преку својата фондација, помага многу настани во земјава, но и донира финансиски средства и опрема на институции.

„Еден од најважните фундаменти врз кој почиваат постоењето и дејствувањето на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и унапредувањето на јавното здравје.

Како дел од активностите за доследно исполнување на зацртаните цели и стремежи во оваа област, нашата Фондација изврши донација на апарат за дијагностика од областа на урологијата за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица.

Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања.

Здравјето на граѓаните е пред сè. Токму затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на нашата Фондација“, напиша денес Заев на својот профил на социјалните мрежи, а јавноста ја извести и за за него вредно признание кое деновиве го добил:

„Благодарам на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија кој ми додели специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот,

во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на кој беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година.

Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи, со претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димески, потпишав четиригодишен договор за соработка помеѓу Олимпискиот комитет и Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“.

Ќе соработуваме во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред сè во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и др.“

Previous articleБремената Анѓелка Прпиќ фатена со новиот дечко Марко кој ѝ беше кум, испливаа и снимки од венчавката со Дарио
Next articleСребра: Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара