Home News Сребра: Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш...

Сребра: Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара

Македонија во минатото, важеше за една од државите во Европа, која имаше на сила ригорозен закон за заштите од пушењето.

Имено, со послениот закон од времето на власта на Никола Груевски, пушењето беше забрането во угостителските објекти.

Во 2018 година, Собранието изгласа ублажуавање на овие мерки. Со донесените измени на Законот се предвиде пушењето цигари кое и сега е дозволено во надворешниот дел од објектот – тераса, летна бавча, што е дефинирано дека мора да биде покриен и отворен од три страни, да не зависи од моменталните метеоролошки услови.

Сепак, во пракса, и порано и сега, сите сме сведоци дека мерките против пушењето во најголем дел не се почитуваат. Ниту се терасите отворени од три страни, ниту пак просторите за пушачи и непушачи се физички одвоени.

Навистина е непријатно, кога семејство со мали деца излегува на ручек, да мора да го вдишува чадот од цигарите од соседната маса.

Но не само за децата, ове услови се неприфатливи за повеќето граѓани, а многу од нив и отворено го искажуаваат својот револт.

Во оваа насока, новинарката Сребра Ѓорѓиевска, на својот профил на социјалните мрежи, напиша:

„Се претера со цигарите. Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара.

Можеме ли да сме толку мизерни и неразумни – живееме во еден од најзагадените градови во светот, а и цела држава не е цвеќе за мирисање и наместо итни измени на Законот за заштита од пушење да бидат донесени, сe’ е удрено на весеље.

А бевме авангардни со тој закон, многу поразвиени земји од нас го немаа кога ние го имавме. Кафана/ресторан е дел од нашиот менталитет, нам таа работа ни е важна, тоа е дел од нашето постоење. Ама треба истото да биде достоинствено.

Вака, непушачите сме заложници на пушачите и на интересите на угостителите, а и на големо се врати навиката за пушење, што е поразително! И не се вадете со тераси, одвоени простории, такво нешто не постои!“

Фото: Илустрација

Previous articleПо подолго време се огласи Заев Зоран и објави како признание добил
Next articleДве причини за славење во домот на Милена, кога ја бакна мајка си во образ, сѐ беше јасно (ФОТО)