Home Live Водителот Ненад во друштво на нашата згодна пејачка, се смешкаат весело свртени...

Водителот Ненад во друштво на нашата згодна пејачка, се смешкаат весело свртени еден кон друг (ФОТО)

Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпознати радио и ТВ водители.

Го гледавме на разни телевизии во многу проекти како „Во сабота попладне“, потоа „Нешто се крчка“, Македонски Идол.

Неговиот глас им е познат на слушателите на радио Фортуна, на Македонското радио и на Хит радио каде штп има пречекано разни гости од светоот на естрадата.

Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана по седум ипол години во брак, се остварија во улогата на родители, и тоа на близнаци, машко и девојче.

Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво кои имаат пет години. Токму тие им беа инспирација да ја реализираат детската емисија „Мини вести“, каде што децата одлично се снаоѓаат во улога на професионални презентери и репортери.

Во една прилика, Ненад раскажа како тој и Горана се организираат околу грижата за близнаците без никаква помош и покрај многуте дневни и ноќни работни обврски.

Во 7 часот сме сите на „нога“ без оглед дали е работен ден или викенд. Училиште, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и мнооогу играње во нашиот дом.

Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, изјави пак водителот кога децата беа помали.

Тој додаде дека отсекогаш им се восхитувал на оние кои имаат близнаци и оти потајно се надевал дека и тој и неговата сопруга ќе имаат близнаци.

Отекогаш сум им се восхитувал на близнаците а во детството имав и близначки другарки. Секогаш потајно сакав да бидам татко на близнаци и иако кога ја дознавме веста дека Горана е бремена со две во првите две минути ни беше ш ок.

Сепак, од првиот момент сме благословени родители на близнаци“, рече водителот. Ненад претходно неколку години се немаше појавено во Тв емисија како водител, иако целиот свој живот е на телевизија и на радио и буквално порасна пред Тв камиерите.

Ненад Ѓоргиевски од минатата година секое утро ги биди гледачите на „Телма“, како дел од старо-новата постава на Утринската програма.

Како татко на близнаци, навикнат е да станува многу рано и вели дека е особено горд родител што за Љупка и за Иво се грижат самите, тој и сопругата без никаква помош.

Ненад за Женски магазин ја открива и својата друга, домаќинска страна во која ужива во викендичката крај река, каде што откако почна пандемијата живеел со семејството.

-Од пред некој месец после долго време се вратив онаму каде што почнав како дете, во Македонското радио и неизбежно е при секое влегување да ми се навраќаат спомени. Имав околу 11 години кога првпат почнав да работам таму.

Неколку години подоцна, добив ангажман и во Македонската телевизија. Сèуште се сеќавам на тремата која ја имав кога првпат застанав пред камера.

Но бев опкружен со професионалци, па со нивна помош, со многу работа и посветеност, за кратко успеав да ја совладам и тремата, но и да ги научам основите на ТВ и радио водителството.

За жал денес сè помалку се обрнува внимание на тие основни правила. Убави спомени од тоа време.

Слободното време уживам да го проаѓам во викендицата, Таму го пронаоѓам мирот и сум сè што не сум овде. Постојано се трудам да се занимавам со некоја физичка активност – фарбање огради, косење на тревата…

Голем дел од реквизитите во дворот ги правам сам. Летово успеав да изградам и дрвена куќарка која ја користиме за релаксација“, изјавил водителот.

Ненад на Инстаграм објави видео во кое е во друштво на една од нашите назгодни пејачки, а тоа е секако Елена Велевска. Елена е во фустан со деколте кое одлично ѝ стои, а со Ненад се свртени едне кон друг и се смешкаат.

Видеото е всушност од снимањето на Новогодишна програма на Тв Телма, а Ненад е таму со своите убави колешки, и со уште неколку пејачи и според она што ќе го објавиле тие уживале во вистински предновогоди[ен џумбуш, а заслужна за тоа е секако и Велевска.

Previous articleАнастасија се пофали што зголемила на себе – ќе му се допадне промената на фудбалерот (ФОТО)
Next articleДијамантското деколте на Маријана Станојковска- нашата водителка се надмина себеси со овој изглед (ФОТО)