Home Uncategorized Глумецот Атанас му прослави роденден на синот, бил ли Јордан Мијалков, неговиот...

Глумецот Атанас му прослави роденден на синот, бил ли Јордан Мијалков, неговиот баџанак на прославата? (ФОТО)

Динамиката и оригиналниот пристап на младиот и неверојатно талентиран актер Атанас Атанасовски, кој е дел од актерскиот ансамбл на Театарот Комедија кријат една мала тајна.

Доколку за миг помисливте дека тоа е дел од специјалитетите кои се приготвуваат во кујната на Фроги во „Хамлет во пикантен сос“, се лажете.

Не мора овој пат да бирате помеѓу крвав бифтек и чоколадна торта. Без разлика дали ги носи чевлите на Селпин, Гоце, Иван Кузмич Поткаљосин, Итар Пејо, Хамлет, Бернард, Ернест или Бенедикт, тој секогаш знае како да продре длабоко во сржта на ликот бидејќи негова инспирација е легендарниот Џим Кери.

Обожава да зборува со фудбалска терминологија, има просечна висина за кошаркар – плејмејкер, шармантен, насмеан, позитивен, одличен актер, вработен, – секоја мајка би го посакала за зет!

За сите кои не можете да не го обожавате, а на наша голема чест и задоволство, специјално за fashionel.mk, прочитајте нешто повеќе за Атанас Атанасовски, напиша овој медиум во една прилика.

-Кога го добивам текстот, сакам прво да истражам се околу текстот, да видам кој се го има играно тој лик, ако има интервјуа со тие актери да прочитам и доколку не сум задоволен со информациите и дојдам до „кризен“ момент секогаш се прашувам:

Што би направил Џим Кери во оваа ситуација? И обично ми се решаваат дилемите за и околу улогата која ми е доделена. Јас не знам што ми е девиза среќа. Другарите, тие најмногу ме прават среќен.

Кога сум во депр есија и кога нештата не одат според планот, кога сум тапа, кога немам креативност, секогаш се собираме некаде и ме релаксираат, затоа што не ми зборуваат за театар.

Разговараме на други теми и некако ме дистанцираат од ова што го работам и полесно ми е така, бидејќи после подобро го согледувам проблемот и наоѓам решение за истиот“, кажал Атанас за Фешнел.

Во септември минатата година Атанас стана татко по втор пат и тоа на ќерка која се вика Ена, а познати личности, негови пријатели се пофалија на Инстаграм. Меѓу нив се Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, но и Тино Костадиновски.

Иако приватниот живот на Мијалкови е далеку скриен од јавноста, а оваа вест ги израдува домашните, особено дедо Сашо Мијалков кој набрзо ќе го добие првото внуче.

Неодамна, на големиот празник Павловден, постариот син на Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.

Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и блесна во елегантен црн коктел фустан, пишува Женски Магазин.

Како што може да видиме, младата избраничка на синот Јордан изгледа прекрасно. Таа носеше краток бел фустан, изгледаше многу елегантно, а можеше да се види и трудничкото стомаче.

Анастасија Бела, новата снаа на Мијалкови, е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела која е сопруга на актерот Атанас Атанасовски, објави Вечер, што значи дека актерот Атанас и синот на Сашо Мијалков станале баџанаци.

Сопругата на Атанас, Александра, на Инстаграм споделила слика од просславата на роденденот на нивниот син Павле. На сликата се гледа дека имало доста пријатели, а меѓу нив е и актерот Тино Костадиновски, актерскиот партнер на Атанас.

Но, не се гледа дали Јордан Мијалков кој е му баџанак на Атанас, и неговата сопруга биле на оваа прослава, со оглед на тоа дека сопругата на Aтанас и сопругата на Јордан се сестри.

Како и да е, голем да расте малиот Павле со своите најмили.

Previous articleДаниел Кајмакоски се огласи со девојка му: Нашето бебе брзo расте, имаме скоро 5 месеци
Next articleПремиерот Ковачевски се обрати од домашна атмосфера, заедно со сопругата, синот и ќерката (ВИДЕО)