Home Live Ја отвори душата за својот упoкоен татко, големиот Вардарец и раскажа каков...

Ја отвори душата за својот упoкоен татко, големиот Вардарец и раскажа каков човек бил- Искра си ја отвори душата

Таа со нејзиниот глас е едно од имињата што ја одбележа македонската забавна музика во 90-те и почетокот на 2000-те години, а станува збор за Искра Трпева која е сега професор по средното музичко училиште.

„Допри ме“, „Штом падне мрак“, „Странец“, се дел од песните кои ги одблежаа музичките почетоци на Искра Трпева, а се паметат и денес.

Впечатлива како појава, со специфилен и моќен вокал, Искра иако денес не е активна на естрадата, не е заборавена од публиката.

Денес, таа има сосема друг репертоар, покласичен од оној во поп музиката, а своето знаење го пренесува на учениците во средното музичко училиште каде што е професор.

И покрај големата тага која им се случи на неа и на сопругот Благоја, загубата на синот само четири дена откако се роди, Искра наоѓа сила секогаш да се насмее, а најголемата причина е ќерката Ангела.

-Професор сум во средното музичко ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје.Предавам три предмета : Соло пеење , Камерна музика и Прима виста (оние предмети коишто се поврзани со вокал).

Се трудам да сум транспарентна и многу комуникативна. Музиката, односно оперското пеење сака максимална посветеност, за истото да вроди со плод.

Близината постои за време на мојот час (индивидуална настава) и тој е позитивев,темпераментен и емотивен (сите оние работи коишто ги бара пеењето).

Уживам во сето тоа. Имам прекрасни „деца“, со прекрасни вокали. Јас некако не чувствувам дека сум повлечена. Но, штом Вие и мојата публика тоа го кажувате, тогаш ќе треба нешто под итно да сменам, нели?

Периоди во животот. Можам само да истакнам дека ми требаше малку простор, малку време за мене, моето семејство и за мојата работа“, рекла Искра во една прилика за Женски магазин.

-Поч- ина четири дена откако се роди. Тој е дел од мојот живот и ќе биде сè додека постојам. Нема да говорам на оваа тема“; рекла Искра за својот син, а птоа за ќерката Ангела додала:

-Ангела е прилично темпераментно девојче. Запишана е во нижото музичко училиште на пијано. Како и да е, таа успева да ги подели работите и да микса, пијано- кошарка. Ете, тоа е Ангела -МОЈОТ ВОЗДУХ што го дишам.

-Мојот сопруг, Благоја. Човек со големо спортско срце и огромна душа. Се запознавме на работно место. Тој како професор  по физичко, јас како професор по соло пеење. LOVE YOU BABY“, рекла Искра за сопругот.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“ Искра во една прилика зборуваше за музиката, професијата професор, но и за татко ѝ Јован Трпев, популарниот Ванчо Трпевски како што го знаеја сите, првиот човек во стручниот штаб на Вардар во натпреварувачката 1993/94 година.

Беше слектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија во поранешна СФРЈ, а по осамостојувањето беше селектор на јуниорската и младата репрезентација (до 21 година) на Македонија.

Искра за жал 2021 година ја испрати со тажна случка. Имено таа го загуби својот татко. Таткото на Искра, Ванчо беше познат спортски работник. Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните.

Популарниот Чукаре за Вардар не одигра многу, само 16 мечеви, но затоа тренерски се посвети од пионерите до сениорите.

Најголемиот дел од својот цел тренерски стаж го мина посветувајќи им најголемо внимание на младите категории во младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“. Беше и тренер на вардаровиот тим во втората шампионска генерација во сезоната 1993/94.

Трпевски беше селектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската селекција на Македонија во бивша Југославија, а беше и селектор на јуниорската и на младата селекција во Македонија. Добитник е на признанието за животно дело од тренерската организација на Македонија.

Искра за својот татко напиша: ТАТКО… Каква Големина од човек беше ТИ. Кои зборови да ги казам за да ја опишат твојата Добрина, Професионализам ,а пред се Родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО БЕШЕ НАШ ТАТКО. Патувај со ангелите ,тебе само таму ти е местото. ТЕ САКАМЕ МНОГУ. Ти тоа го знаеш.

Искра на денот кога го загубила својот татко, 30 декември во 2021 година, емотивно се присетила на него, и на Фејсбук раскажала приказна за својот родител, всушност каков човек бил тој:

– Една година без тебе ТАТО. МНОГУ фалиш. МНОГУ боли. Мојот ТАТКО зад себе остави само добри дела, а тоа е Големо наследство. Празнината и болката се веќе дел од мојата душа. ТЕ САКАМ“, стои во објавата на Искра.

Previous articleПроф. Даниловски: Пуштете ги децата да се дружат – контактите со вирусите ќе им бидат влог во здрава иднина
Next articleСе упокои кога беа бебиња, ова се близнаците на легендарниот диџеј Бабура- пријател објави слика и упати важна порака (ФОТО)