Home Live Јордан Митев откри како го освоила сопругата Славица и зошто тоа било...

Јордан Митев откри како го освоила сопругата Славица и зошто тоа било толку тешко (ФОТО)

Добро здравје, среќа и успех во Новоава година на читателите на им посака фолк ѕвездата Јордан Митев, а објави Радар. Тој во моментов е во Македонија и за Новата година, како што вече најави, ќе пее во својот роден град, Радовиш.

Освен закажаните настапи, времето го поминува во кругот на семејството и пријателите. Јордан во ова интервју доста зборуваше за себеси и за тоа каков карактер е тој.

-Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет,нови луѓе.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.

По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

-Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака. Од една страна многу јак , но од друга многу слаб.

Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика.Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат.

Доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи. Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест .

Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот.

Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував. Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.

И така се роди првата мисла. Пак сум со вас вечерва да ви запеам,радоста и тагата да ја опеам,сите што сте дојдени ве поздравувам и со чаша крената ви наздравувам!

Ајде сега станете”…..песната ја напишав и веднаш знаев дека е хит. Во средата влегов во студиото, работев цела вечер, а во четврток претпладне комплетно ја затворив песната и ја предадов на фестивалот.

Во петок излегов на бина, публиката стана нозе и зедов награда“, рекол Митев.

В една прилика, тој гостуваше во емисијата „Магазин на „Сител“ и рече дека на сопругата ѝ посветил песна- „Жена за сто години“ . Сопругата на Јордан се вика Славица Митревска, и раскажа како се запознале.

-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде.

Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува:

-Ваков човек како мене, лесно е да освои.

Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

А инаку, свадбата се одржа во Македонија, со сите обичаи, од собирање дома кај младоженецот до адетите за земање на невестата. Иако уживаше во свадбената веселба, Митев, сепак, реши и самиот да им запее на гостите.

И покрај тоа што рече дека е мнкгу тежок човек а освојување, Славица имала начин и нашла клуч до неговот срце и сега се заедно повеќе од пет години во брак, а во една прилика, Митев изјави дека сакаат да имаат и принова.

Previous articleЈордан Митев застана покрај Јована од Сител, ептен е среќен покрај нашата згодна водителка (ФОТО)
Next articleПријател на Масимо Савиќ од Скопје откри досега непозната приказна за него, Бобан ја отвори душата