Home Live Јордан Митев застана покрај Јована од Сител, ептен е среќен покрај нашата...

Јордан Митев застана покрај Јована од Сител, ептен е среќен покрај нашата згодна водителка (ФОТО)

Нашиот познат музичар Јордан Митев уште од мал знаел дека ќе биде музичар. Неговата пасија не се сменила во текот на годините.

-Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е, активно.

Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував двапати неделно во Радовиш да учам и музика.

Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.

Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје. Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор и дека 15 години е веќе во естрадата.

За познатиот музичар Драган Даутовски кој му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.

-Би издвоил еден настап кој што беше во 2015 кај нашиот јужен сосед, тоа беше еден голем настан, поради тој мој настап јас имав и забрана за влез во Грција.

Но, тоа беше така еден доста еурофичен настап, кај што беа присутни доста луѓе, кај што се пееше македонска песна. И сега кога ќе се сетам на тоа се ежам,“ рече пејачот, во една прилика.

-Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет, нови луѓе.

Но, со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.

По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано, во каква сала, со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

-Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака. Од една страна многу јак, но од друга многу слаб.

Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика. Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат,“ кажа тој во интервју за Радар.

Во Фокус, пред некое време тој прозборе за своето здравје, ту морот и авто имуното заболување кои ги лекувал. Пејачот неколку месеци мируваше поради хи ру-ршки зафат.

-Повлечен сум, во овој период најважно ми е да ја насочувам енергијата кон суштински нешта.

Навлегување во теми кои ми носат нега-тивна енергија или пак да се обидуваш нешто да појасниш некому, кој не сака да сфати е само губење на време.

Примитивните муабети ми донесоа само стресови, а моите неприја-тели не заслужуваат да изгубам ниту една минута повеќе во животот размислувајќи за нив или пак одвојувајќи време за нивните провокации – за „Фокус“ раскажува популарниот фолк музичар Јордан Митев.

Тој за Фокус додаде дека периодов најпотребен му е мир и не сака да се занимава со непотребни работи.

-Уморен сум од негатив-ности и жално е што кај нас добар дел од народот се храни со нечија ма-ка. Уште пожално е тоа што ретко кој простува туѓ успех, дури и кога е спечален со чесна работа, многу труд и откажувања…

Но, не сум човек кој некому би посакал ло-шо, нека бидат живи и здрави и непријателите. Ми следи период на опоравување, а потоа се надевам во нови успеси и со позитивна мисла, само напред – раскажа Митев за ФОКУС.

Јордан Митев потоа се врати сѐ појак на сцената, а каде и да запее, луѓето се воодушевуваат од неговиот глас и спектакуларните настани кои ги приредува за своите фанови.

Митев заедно со својата група бил во емисијата на Сител кај водителката Јована, па за да го овековечи овој момент се сликале сите заедно.

На фотографијата, Јована и Јордан се еден до друг, а Јована изгледа многу згодна, како и секогаш. Јордан изгледаше видно насмеан и расположен, па тој на својот Фејсбук профил ја објави сликата.

Јована на стори на Инстаграм стави видео како Митев ја пее една од неговите најпознати песни, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа.“

Previous articleОмажена а сама- Сузана Манчиќ откри дека ја освоила брачната слобода
Next articleЈордан Митев откри како го освоила сопругата Славица и зошто тоа било толку тешко (ФОТО)