Home Live Марија: Сме биле со еден куп фантазии дека на полноќ некој ќе...

Марија: Сме биле со еден куп фантазии дека на полноќ некој ќе дојде и ќе нè спаси

Марија Лозаноска е дипломиран професор по македонски јазик.Работела како наставник по македонски јазик од шесто до деветто одделение во о.у.„Христо Узунов“ – Другово, општина Кичево.

Пред да постане просветен работник, Марија се докажува во книжевноста односно има веќе издадено повеќе романи.

Покрај писателството, има зад себе и неколку хита како текстописец. Ги создава текстовите на неколкуте песни од нејзиниот брат, пејачот Влатко Лозаноски-Лозано, како што се:

Хитот за 2011 година „Кога мене ќе ме немаш“, баладата „Заборави“ и дуетот со Анета од групата Молика „Се тебе поубав е денот“.

Лозаноска е веќе активна со блогерството, така што веќе има еден книжевен блог под името Писателката од Лозана каде пишува секакви текстови, колумни, раскази, поезија. Нејзиниот блог е прилично познат по социјалните мрежи и многу добро прифатен, читан и „лајкуван.“

Инаку, таа му е сестра на пејачот Влатко Лозаноски- Лозано и често знае да сподели интересни мисли на социјалните мрежи:

– Ќе се завртите назад кон годината што помина и ќе си речете дека не сте направиле ништо. Ништо големо. Никаква важна дестинација. Никакво унапредување.
Никакво големо славје.

Па ќе се завртите околу себе. Ќе сфатите дека никој не ви фали. Дека ги преживеавте оние денови во кои се прашувавте како. Дека излеговте посилни.

Дека запознавте луѓе, ситуации, се дозапознавте себе, паднавте десетпати, се кренавте секојпат, добивте одговори.

Добивавте секогаш помош. И пак не мразите никого. Пак им простивте на сите. Си простивте себе. Во овој зло бен свет вие пак верувате во доброто. Вие пак верувате во љубов.

Впрочем, сфативте дека во оваа година победивте. И само вие знаете како“, стои во еден од нејзините понови статуси. А инаку Марија е и уметник, таа рачно изработува накит, часовници и останати модни детали.

– Нашата генерација не се роди со интернет, ама затоа го измисливме интернетот. Исклучувавме фиксни за да се поврземе. Бевме секогаш возбудени кога ќе одевме кон интернет-кафето за да мирцаме и трпеливо чекавме компјутер за да се ослободи.

Дома чекавме да дојдеме на ред. Бевме прваци во нинтендо, Супер Марио и пукање кон патки. И ништо од тоа не нè отупе.

Денес, новиве деца што се родени со технологија, наместо да измислат некоја апликација за полесно учење, праќаат меил за лажни бом би.

И во бегање од часови бевме покреативни“, рече Марија во едне свој статус. Марија во својот нов статус објасни како всушност сите ние гледаме на Новата година, и што ни се очекувањата од неа и какво чувство имаме за старата година која изминува.

– Честопати сакам да се радуваме сите на празниците, ама онака, скромно. Сега ни снег не ни паѓа.

Некако, како да не знаеме кој празник ни доаѓа.
Камо сите да имаат, но доаѓањето на Новата година излезе дека е повторно трка на престиж, а нема потреба.

Да, треба да е накитено, буди чувства на дете кое се восхитува на сијаличките.

Нека е што понакитено за да гледаме сите само натаму, нека ни го одземаат вниманието тие шаренила и светлуцави орнаменти сè до заборавање на сè што нè мачело.

Стресно ја испраќаме старата година и имам чувство како веднаш да се испразнуваме однатре кога ќе дојде Новата – дека само бројката на календарот се променила, ништо друго.

А, сме биле со еден куп фантазии дека на полноќ некој ќе дојде и ќе нè спаси. Впрочем, како што чекаме секоја вечер некој да нè спаси од кош марите над перница и над животот.

Нека свети, нека има песна, нека има џагор, макар сега да има веселба. Само да бидеме вклучени сите. И да не бидеме себични. Да сочуваме и да пренесеме на поколенија.

Тоа го сакам во Новата. Оти, има поголеми веселби низ датумите од овој. И не чинат ништо. Ви посакувам да сте весели. И после Нова“.

Previous articleСе упокои кога беа бебиња, ова се близнаците на легендарниот диџеј Бабура- пријател објави слика и упати важна порака (ФОТО)
Next articleПодолго време ја немавме видено толку насмеана – Дракче се отвори и рече: Е доста се нервирав (ФОТО)