Home Live Ноне се сликаше до елка и ги фрли во сенка сите: Срце...

Ноне се сликаше до елка и ги фрли во сенка сите: Срце натопено со љубов (ФОТО)

Ноне Неделковска која веќе не се занимава активно со музика, но уште е актуела во медиумите, на својот профил во една прилика на Инстаграм им дозволи на следбениците да ѝ поставуваат прашања за се што ги интересира, бидејќи ѝ било досадно.

Дел од одговорите беа поздрави, дел зезање на сметка на Ноне, но имаше и онакви кои не заинтересираа посебно. Ноне знае од време на време да сподели по некоја мудра мисла на социјалните мрежи, а во една прилика таа рече:

Жена е женственост, став. Жена е љубов, инспирација, нежност. Мајка, иднина. Жена е многу подлабоко, искрено, свето. Жена не е само она надворешното, туку тоа во неа, поради неа. Жена е почеток и крај на сè.“

Жена е многу подлабоко, искрено, свето. Жена не е само она надворешното, туку тоа во неа, поради неа. Жена е почеток и крај на сè.“

Во една прилика. таа покажа една посебна жена во нејзиниот живот, а тоа е мајка ѝ. На сликата на која Ноне е со мама Мимоза, се гледа колку таа личи на неа, и ѝ посака среќен роденден.

-Моја мама, те сакам. Среќен роденден“, напиша Ноне.

Неделковска, која одамна не се занимава со пеење, но секогаш е интересна за јавноста, по осум години работа на брод како советник за убавина во фришоп, во последниве мсеци подолго време беше во својот роден Велес.

Пред неколку месеци, таа го прослави и својот роденден во домашна атмосфера во опуштено издание по тренерки, заедно со своето милениче куче, и секако најблиските од семејството.

Ноне изминативе недели објавуваше слики како патува низ Европа: Лондон, Амстердам,Бремен, Хамург, и на едно од своите патувања таа испрати порака до оние кои ја следат на социјалните мрежи:

-Од 2012 година патувам низ светот и ги имам посетено најубавите светски дестинации. Но за да ги видиш сите убавини најважно и најдрагоцено е секогаш да се има е ЗДРАВЈЕТО!

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно, изјави Ноне во една прилика.

Минатата година објави слика своето работно место, парфимеријата во бродскиот фришоп. Ноне заводливо се смешкаше, а околу неа познати брендови на парфеми и козметика. Ѝ личи оваа атмосфера на Ноне, а се гледа дека ја прави среќна.

Во една прилика, таа беше во друштво на господин Доналд од Шкотска каде што се наоѓаше минатата година, и со слика од господин Доналд, таа раскажа како симпатичниот господин знае малку од јазиците на Балканот.

Тој вели дека е туристички водич, а потоа вели ѝ здраво, на што Ноне шармантно се смешка. Таа често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм.

Ноне објави една своја провокативна новогодишна фото сесија, облечена во корсет, без градник, таа позираше покрај елка и ги кажа своите цели за следната година кои гласат:

Цели за 2023 година: Срце натопено во љубов, Ум ослободен од осуда, Дух што блеснува радост, И сила да се направат вистинските избори на патот“, стои во објавата на Ноне Неделковска.

Previous articleПремиерот Ковачевски се обрати од домашна атмосфера, заедно со сопругата, синот и ќерката (ВИДЕО)
Next articleРосана: Годината започна тешко, зошто секогаш ЈАС да газам по најтешкиот пат?