Home Live Ова е дечкото на Кјара Гоља, ќерката на Хелена Роза, еве зошто...

Ова е дечкото на Кјара Гоља, ќерката на Хелена Роза, еве зошто се совршени еден за друг (ФОТО)

Ребека Јанковска- Ристески, нашата позната пејачка и хуманитарец е мајка на три сина Маркијан, Дорореј и Макариј, но таа е исто така и горда тетка на Кјара Гоља, ќерката на нејзината сестра Хелена Роза, и на внукот Тијан.

Ребека на својот Фејсбук профил се присети на приказната која ја напиша во 2020 година а е поврзана со раѓањето на нејзината внука Кјара, а во неа раскажува како всушност се родила нивната прва радост:

-Денес е тој ден. Денот кога ти се роди ѕвездичке. А јас ги отворив сите прозори од моето Југо 55 и на цел глас пеев и и возев накај клиника.

Тоа беше среќа голема. Му благодарам на Бога за сите убави моменти поминати со тебе и сите глупости со кои се вратив во детството заради тебе.

Те сакам ѕвездичке. Продолжи да сјаеш и да блескаш убавинке наша. Среќен Роденден моја Кјара Гоља“, напиша Ребека кога на внуката Кјара која е доста актуелна на Инстаграм и е вистинска убавица, ѝ беше роденден.

Кога Кјара прослави роденден минатата година, по тој повод тета Ребека ја напиша оваа честитка:

Драга моја Кјарче, Бисерче мое, убавинке моја и среќичке, Посакувам да го живееш сето она што те прави среќна. Те сакам многу. Ми недостигаш многу и сите глупирања со тебе. Среќен Роденден! “, напиша Ребека.

Ако некогаш Хелена Роза ги полнеше, таблоидите, магазините, порталите и зрачеше со својата појава на телевизија, денес тоа почна да го прави нејзината наследничка Кјара.

Хелена заедно со сопругот, синчето и ќерката веќе неколку години живее во Нов Зелан каде почнаа нов живот“, објави Вистина.мк неодамна.

Oттаму не ретко преку социјалните мрежи мама Хелена и Кјара покажуваат како им минува секојдневнието.

Од последните објави Хелена, а потоа и наследничката се пофалија дека почнала да биде модел за дол на облека.

Хелена Роза за првпат стана мајка на 21 година и ја роди ќерката Кјара која сега има 23 години.

Да се биде мајка е најубавиот благослов од Бога, а тие убавини кои Бог и ги дава на душата, на Хелена и се случија уште еднаш кога во 2017 година го доби синот Тиан.

Мајката целиот живот за сеќава на сите моменти со децата, тие растат, но во нејзините очи секогаш остануваат деца. Кјара денес има 23 години, додека Тиан во месец јули наполни пет.

Иако веќе долго време живеат во Нов Зеланд, Хелена и нејзиното семејство, често се дел од домашните медиуми, а да се биде медиумски експониран за нив е некако природно.

Како што кажавме погоре, Хелена Роза пред пет ипол години по вторпат се реализираше во улогата на мајка на преслаткиот Тиан, а пак нејзината прва љубов, ќерката Кјара порасна во вистинска убавица со која може да се гордее.

Убавата наследничка на Хелена, веќе е доволно зрела млада дама која доминира со својата маркантност, енергија и атрибути оставени во наследство и дадени од мајката природа.

Кјара не ја пропушта приликата да ја покаже својата атрактивност на Инстаграм, а нејзиниот профил е преполн со фотографии на кои таа блеска со својата природна убавина и раскош.

Ова убава девојка е и вљубена, и нејзината профилна фотографија на Фесјбук го покажува убавиот дечко, кој се вика Стефан.

А дека се создадени еден за друг, кажува оваа слика на која и двајцата се многу среќни, но и коментарите под сликата.

Речиси сите велат дека Кјара и нејзиниот сакан се прекрасен пар, а еден од нив вели:

„Глеј му го осмехот. А, и како не би. Преубави сте, ама ти, сонце, ти си БИСЕР!“, стои во коментарот.

Previous articleСнеже Велков: Си останавме непреболени, ти мене јас тебе, а мислев, вечност ќе сме…
Next articleСе упокои таткото на Маја Ковачевиќ од „Задруга“: Сите ѝ велат да биде силна, еве зошто ова е најлошата година за неа