Home Live Премиерот Ковачевски се обрати од домашна атмосфера, заедно со сопругата, синот и...

Премиерот Ковачевски се обрати од домашна атмосфера, заедно со сопругата, синот и ќерката (ВИДЕО)

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, во предвечерието на Новата 2023 година, во стилот на странските политичари, упати поздравна честитка до граѓаните.

Тој, во друштво на своето семејство, од својот дом, упати оптимистички пораки до граѓаните, на кои им вети дека во Новата 2023 година, ги чека подобар стандард и подобар живот и дека никој нема да биде заборавен…

-Драги мои сограѓани, заедно поминавме многу тешка година. Се справувавме со последиците од пандемијата и со енергетската криза.

Во исто време моравме да носиме тешки одлуки за нашата европска иднина. Тоа за мене лично, беше најголемиот предизвик во мојот живот.

Можеби и најтешкиот, затоа што знаев дека сум одговорен за мојот народ, секој еден граѓанин, за вашата, за нашата иднина.

Оваа зима се погриживме сите македонски домови да се топли, а тука сме да се погрижиме и да има доволно храна на секоја празнична трпеза. И можам со сигурност да кажам, дека наредната година ќе биде подобра.

Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Завршени се големи проекти важни за државата, а продолжуваме и понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите.

Затоа што никого не оставаме сам. Никој никогаш нема да биде оставен сам! И целото мое знаење и искуство ќе го искористам за да се подобри вашиот животен стандард.

За наредната година да биде подобра. За нашите деца да имаат европска иднина. Во тој дух, јас и моето семејство, сакаме на сите да ви ги честитаме новогодишните и божиќните празници.

Да ви посакаме радост, добро здравке и спокој. Да се радуваме сите на малите, секојдневни моменти и да ги споделуваме со најблиските.

Сакам да искажам посебна благодарност, кон сите оние кои во овие празнични мигови, неуморно и посветено работат за нашето здравје, нашата безбедност и нашиот мир.

Среќна Нова година, да сте живи и здрави, го заврши своето обраќање премиерот Димитар Ковачевски, во друштво на семејството.

Previous articleГлумецот Атанас му прослави роденден на синот, бил ли Јордан Мијалков, неговиот баџанак на прославата? (ФОТО)
Next articleНоне се сликаше до елка и ги фрли во сенка сите: Срце натопено со љубов (ФОТО)