Home Live Пријател на Масимо Савиќ од Скопје откри досега непозната приказна за него,...

Пријател на Масимо Савиќ од Скопје откри досега непозната приказна за него, Бобан ја отвори душата

Популарниот хрватски пејач Масимо Савиќ на 23 декември се упокои пво Загреб на 60-годишна возраст, по кусо и тешко боледување, а медиумите подоцна објавија дека имал кан-цер набелите дробови.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а завршил гимназија во Загреб, каде ја започнал својата музичка кариера.

Во 1983 година, како водач на легендарната њу вејв / синт-поп група Доријан Греј, го издава својот прв албум – Sjaj u tami , а две години подоцна и вториот албум For Your Eyes.

Веста за загубата на познатиот пејач на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, тој ќе живее во нашите души засекогаш; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Ние ќе бидеме твоите девојки засекогаш. Ани и Мирна“, се вели во соопштението.

На училиште бил одличен, потпевнувал и едвај чекал да дојде сабота за да танцува во дискотеката РКУД Руда Раша.

Но, еден немил настан променил сè. Поради слабата контрола во воспитувањето и склоноста кон лошо друштво и неприкладното однесување, Масимо бил дел од релативно теж ок криминал.

Тој чувал стража кога неговите другари земале работи од супермаркетот. Поради ова, редовно одел кај социјалниот работник Бранимир, кој му помогнал да се стабилизира и да си го промени животот.

Купил електрична гитара откако со мајка му се договорил да подигне кредит, а ратите да ги плаќа работејќи преку студентски сервис. Веднаш почнал да свири од осум до десет часа на ден.

Во 1979 година Масимо отишол во Загреб. Се запишал трета година во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ и набрзо ја основал групата „Доријан Греј“ со Бранко Терзиќ, Ведран Чупиќ и Емил Крњиќ.

– Во тоа време живеев тешко. Јас и мојот тапанар делевме соба, широка колку еден кревет. Спиевме заедно во тој кревет, а немавме доволно да платиме за собата, но сечевме дрва за старицата.

Копав градини низ Загреб за да добијам облека од упокоените сопрузи на госпоѓите, која подоцна ја поправав за да изгледам елегантно на сцената – изјави во една пригода Масимо Савиќ, а објави Факултети.

Сопственикот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески откри доега непозната приказна за Масимо Савиќ, тој за „Независен весник“ раскажа всушност каков бил Масимо во душата.

– Јас сум специфичен човек и никогаш пријателствата не сум ги сметал по количина на дружба, туку по емоционална хемија и квалитет.

Гледано од таа гледна точка, од денот кога сум го запознал Масимо, пред 13 години до денешен ден тој е еден од моите најблиски пријатели… без разлика што сум го гледал многу помалку од други личности во мојот живот, вели Бобан.

Тој е единствениот од оваа индустрија (се разбира дека Каролина, која ми е фамилија нема конкуренција во овој контекст) кој знаел да дигне телефон и да се јави да ме праша што правам и дали сме сите дома добри, ,,зато што је у зраку осетио да нешто нисам добар и да сам нервозан”.

Тоа го правеше на многу интересен old school начин, барајќи ме од домашен фиксен телефон, кој го имав меморирано како ,,Масимо дома”.

-Човекот отиде неверојатно брзо и достоинствено. Јас слушнав за болеста буквално 3 недели пред неговата см-рт и знаев едноставно дека ,,Вјештине бутик” во Скопје нема никогаш да се случи“, рекол Милошески за концертот на Масимо кој требал да дојде во Скопје на 23 и на 24 февруари на концерт.

Previous articleЈордан Митев откри како го освоила сопругата Славица и зошто тоа било толку тешко (ФОТО)
Next articleСнеже Велков: Си останавме непреболени, ти мене јас тебе, а мислев, вечност ќе сме…