Home Live Росана: Годината започна тешко, зошто секогаш ЈАС да газам по најтешкиот пат?

Росана: Годината започна тешко, зошто секогаш ЈАС да газам по најтешкиот пат?

Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) летово можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата“, напиша Незвисен весник пред неколку месеци.

Поранешната сопруга на Коки Јанков ја нема во јавноиста долго време, а изминатово лето, за неа Независен напиша каде е што прави, а во овој текст имаше и нејзина изјава.

Повлечена целосно од јавноста, многу малку се знае за неа по разводот со музичарот.

Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си Лара оваа година патуваше низ Европа.

Петревска важи за една од најубавите жени во јавниот живот, со искуство како заштитно лице на македонски моден гигант, претходно портпарол на АМСМ, а сега пред нов професионален предизвик.

-Бескомпромисна сум и не прифаќам изговори од типот „немам време, имам премногу обврски, имам деца…“ Жената е дама од своето раѓање и не треба многу време ниту пари за тоа да дојде од израз.

Потребна е само желба. Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате.

Мојот совет до сите девојки и жени е дека одраз на женственоста не е длабокото деколте или мини-сукњата. Вистинската женска убавина се гледа од сјајот во очите, од ставот и држењето на телото, од начинот на кој гестикулирате и начинот на кој зборувате.

Никогаш не престанувајте да се грижите за себе, за својата внатрешна убавина и никогаш не престанувајте да се стремите кон тоа да бидете најдобрата верзија од себе, приватно и професионално, ни изјави Петревска во претходно интервју за „Независен“.

Росана даде свое мислење за тоа како една дама треба да изгледа во летниот период, на плажа за Женски магазин.

– Секогаш складен костим за капење кој ќе одговара на силуетата, шапка (шешир, капче) заштитен фактор, прикладна наметка, убав пешкир, чанта се во склад на боите и модниот стил / тренд кој го сакате.

Бохо стил,елеганција, класика кој што сака само да биде урбано, уредно и пристојно.

Петревска воопшто не открива ништо за нејзиниот приватен живот и го држи далеку од очите на јавноста, изолирана од присуство на дигиталните медиуми.

Сепак централно место и најголема посветеност ѝ е нејзината 13-годишна ќерка Лара која е нејзин крвоток и мотив за нови достигнувања.

Росана по долго време се огласи на својот Фејсбук профил и раскажа една впечатлива приказна за себе и за се што и се случило и за она што научила во изминатава година:

– Година на многу предизвици! Годината започна тешко, ни во сон не очекував дека ќе биде толку убава, полна со предизвици, борба, силни и храбри одлуки, безброј патувања и прашања зошто секогаш ЈАС да газам по најтешкиот пат?

Но, тој пат ме научи дека има боцки, па роза! Многу сум среќна што мојата срна ми ја полни душата, што е ученик за пример, што е дете кое сите ми велат дека е за пример во ова општество!

Сите заедно живи, здрави и среќни да ја испратиме оваа 2022, а Новата да ја дочекаме со уште поголеми предизвици, големи лични успеси и многу, многу сила за безусловна среќа и љубов!

На здравје“, напиша Росана на Фејсбук.

Previous articleНоне се сликаше до елка и ги фрли во сенка сите: Срце натопено со љубов (ФОТО)
Next articleСузана Спасовска заблеска во ракошен фустан, ама и искрено кажа што мисли за оние кои ја имитираат (ФОТО)