Home Live Се упокои кога беа бебиња, ова се близнаците на легендарниот диџеј Бабура-...

Се упокои кога беа бебиња, ова се близнаците на легендарниот диџеј Бабура- пријател објави слика и упати важна порака (ФОТО)

Диџеј Бабура, со вистинско име Љупчо Петровски беше познат македонски диџеј кој сите го знаеја и нема мој на негови забави не одел. Диџеј бабура беше облежјето на ноќниот живот во Скопје.

Почетоците му датираат од неговиот ангажман во радиото „Мега ФМ“ (заедно со колегата диџеј Хитмен) во почетокот на 1990-тите.

Подоцна, Бабура се префрлил во редовите на “Антена 5” радио, каде што останува сè до почетокот на 2000-тите. После тоа станува дел од екипата на „Сити Радио“.

Диџеј Бабура најчесто пуштал хаус музика, а настапувал и паралелно со најпознатите светски диџеј-имиња кои гостувале во Македонија.

Во 2005 година, тој ја делел бината со диџеј Тиесто на неколку концерти низ југоисточна Европа. Потоа, излегол негов миксан компакт диск од едицијата „Витамини“ во издание на „Сити Радио“.

Го издал ремиксот на песната „Ајде Да Летаме“ на Каролина Гочева и Новоградска (1. Радио верзија, 2. Денс верзија, 3. Инструментална верзија). Диџеј Бабура бил еден од сопствениците на гореспоменатото Сити Радио.

Дефинитивно без него ноќниот живот во главниот град нема да биде веќе ист, пишуваа медиумите откако бабура си замина од овој свет, на 22 јануари во 2016 година.

Легендата и инспирацијата на познати светски диџеи која ги забавуваше скопјани , младите ширум земјава но и Европа со најдобрите журки Диџеј Бабура се упкои пред речиси 7 години по кратко боледување.

Љупчо Петровски (неговото име и презиме) зад себе ја остави сопругата Елена и две близначиња Јаков и Јаким кои на свет дојдоа пред повеќе од една година, во тоа време, што значи дека денес имаат околу 9 години.

Диџеј Бабура беше познат и најекспониран во јавноста. Настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со него израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.

Бабура кариерата ја започна во Уно, Мега, Антена 5 а беше и косопственик во Сити Радио.

Оние кои растеа во 70-тите, 80-тите и 90-тите години го знаеја од познатите клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Истиот прекар, само со додадвката јуниор, денес го нови неговиот внук кој е исто така диџеј.

DJ Babura Junior е роден во Скопје на 11.09.1992, неговата пасија за музиката ја добива од неговиот чичко – DJ Babura, кој се сметаше за еден од најдобрите DJ-и на овие простори.

Токму на диџеј Бабура, на својот Фејсбук профил се сетил Маријан Мац Петровски, кој е исто така наш познат диџеј. Тој објавил слика со децата на Бабура кои се сега пораснати во убави момчиња.

Сликајќи се со неготе деца, Мац на својот Фејсбук профил напишал: Само они можат да бидат Дј Бабура Џуниор и никој друг“, стои во објавата на Петровски со Јаков и со Јаким, наследниците на диџеј Бабура.

Previous articleЈа отвори душата за својот упoкоен татко, големиот Вардарец и раскажа каков човек бил- Искра си ја отвори душата
Next articleМарија: Сме биле со еден куп фантазии дека на полноќ некој ќе дојде и ќе нè спаси