Пејачката Рада Манојловиќ може да се пофали со многу хитови кои ги снимила, но некои песни одбила да ги отпее.
Рада е активна на социјалната мрежа Твитер, а во една прилика одговараше на прашањата на своите следбеници и откри кои песни не сака да ги сними.
„Ме интересира дали има некоја песна што некој ти ја понудил, а ти не си сакала да ја снимиш, па ја снимил друг пејач?“, беше прашањето, на кое пејачката одговори:
– Има некои, а јас не препознав дека се хитови: „Три чаше“, „Мишо мој“, „Боинг 747“, „Ево, ево“ од Сека, но тогаш тоа беше само мелодија без тој текст. – одговори Рада.
Неодамна братот на пејачката Радмила, Ненад изјави дека неколку пати инсистирал да сними песна со неговата сестра, но таа одбила и рекла дека не е време за дует.
– Сакав дует со Рада. Не дека немаше обиди, на почетокот бев понапорен, а таа ми рече: „Чекај да дојде песната, ништо не можеме да снимиме“.
После тоа, таа најде песна кога отидов во „Ѕвезда Гранда“, но воопшто не ми се допадна. Многу е тешко да се направи песна за брат и сестра која би била интересна.
Јас и Рада имаме ист татко, но никогаш не сме живееле заедно. Се бо рам за себе и за мојата кариера – откри Ненад и додаде дека не очекувал многу од Рада да помогне, бидејќи мисли дека е талент и добро се снаоѓа сам.
Пејачката Рада Манојловиќ и девет години помладиот колега Харис Берковиќ беа заедно со години и додека многумина очекуваа да застанат пред матичар – ја прекинаа врската, пред неколку месеци.
Раскинувањето го потврди и Рада која на бившиот му посака сѐ најдобро.
„Јас и Харис повеќе не сме заедно. Им благодарам на сите наши заеднички фан страни за поддршката и апсолутно му посакувам многу среќа во животот и кариерата.
Нема да коментирам многу, бидејќи не коментирав за време на врската.
Благодарам“, напиша Рада на Инстаграм. Но, после сѐ , парот наводно се смирил, но поради една причина не ја официјализирале врската во јавноста.
Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ ги „испеглаа“ сите несогласувања и решија да се смират, но според пишувањата на медиумите вешто ја кријат својата врска бидејќи таткото на Рада Манојловиќ се противи и не го одобрува Харис, бидејќи верува дека пејачот сето ова време ја мамел ќерка му со години.
Неодамна Харис сериозно сакаше повторно да го освои срцето на пејачката и инсистираше да се види со неа, а постојано беа во контакт, а потоа излегоа да ги средат несогласувањата.
Штом дошол од Босна во Белград, Харис се упатил во станот на Рада каде што имале сериозен и многу долг разговор.
– Се смирија Рада и Харис по долг разговор. Сфатиле каде грешат и дека емоциите сѐ уште се присутни. Сепак, Рада јасно му кажала дека не сака да излегуваат само онака со години, туку сака нешто посериозно.
Рада смета дека веќе е доволно возрасна и сака да стане мајка, на што тој рекол дека разбрал и дека сака сѐ со неа.
Сепак, тие сѐ уште не сакаат јавно да ја признаат врската, а причината е таткото на Рада Манојловиќ. Тој е лут на Харис, мисли дека си играл со ќерка му и ѝ ги потрошил годините.
Татко ѝ најмногу сака да има внуче, а кога Рада ќе му каже дека е трудна со Харис, дури тогаш ќе омекне и ќе го засака.
Затоа, парот решил да се гледаат исклучиво во неговиот стан, за да видат како ќе продолжи врската, дали ќе функционира и дали има смисла новата шанса што си ја дадоа – изјавил добро упатен извор близок до пејачката.
-Колку што знам, кога ќе завршат празниците, двајцата планираат да одат на одмор во Дубаи, за да се одморат и да се посветат еден на друг.
Рада му порача на Харис да не му кажува на семејството дека се повторно заедно, туку да остави времето сѐ да искристализира – заклучува изворот за „Стар“.