Home Live Снеже Велков: Си останавме непреболени, ти мене јас тебе, а мислев, вечност...

Снеже Велков: Си останавме непреболени, ти мене јас тебе, а мислев, вечност ќе сме…

Нашата позмната водителка Снеже Велков, во една прилика зборуваше за своето семејство, дека не сака јавно да го експонира и сака интимата да си ја зачува за себе.

Ова беше во емисијата „Опуштено со тони“, а сента кога емисијата се снимала, нејзиот сопруг Дарко славел роденден.

-Никогаш не сум му се обратила јавно, и никогаш не сум му заблагодарила јавно. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот сопруг, којшто 17 години е со мене, и ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични испади.

Сакам да му се заблагодарам затоа што заеднички растевме, сакам да му се заблагодарам затоа што имавме многу конструктивни расправии при коишто станавме и поголеми, и поразбрани, и многу покреативни.

А, најмногу од се сакам да му се заблагодарам затоа што ги имаме двајцата прекрасни синови, Ален и Дарин, и се надевам дека ќе си продолжиме уште три пати по 15 години, ако се малце и понатаму, среќен ти роденден“, рече Снеже.

Додека зборуваше, ја зовладаа емоции очите ѝ се насолзија. На ова, Тони Михајловски низ насмевка рече: Дајте црну фарбу, како Опра се осеќам, на што Снеже му рече: Многу ми е драго, мене ми се растрепери срцето“.

– Ален има 16 години и е втора година средно. Дарин има 11 години и е петто одление. Не би рекла дека сум строга да поставувавм услови и правила, забрани и казни.

Сопругот тука повеќе е задолжен за почитување на редот и законот во куќата.

Јас имам еден систем кој вика – ги терам сами да донесат одлуки, и сами да бидат свесни за последиците од истите. Од типот ако само наутро се успиеш сам си ги носиш последиците од тоа што ќе задоцниш, не оправдувам јас кај класниот, сам ќе си кажеш (па тука проработува па срам ми е па незгодно..).

Исто доколку замолам нешто да ми помогнат, а тоа не го сторат, само потсетувам дека следниот пат кога нешто ќе побараат од мене да бидат свесни дека нема да се оствари.

Зборувам постојано, потсетувам, не критикувам туку ги терам да бидат подобри и најважно, да знаат да почитуваат.

Не сум им другарка и не сакам така да се поставам, јас сум мајка и треба да имаат доверба во мене како мајка, другарите се нешто друго…

-Големиот син повеќе е поврзан со татко му и сега тој му е водич низ машкиот свет. Си имаат машки муабети и теми за кои јас сум запознаена ама деталите се резервирани за татко му. И ги оставам да биде така“, кажа Снеже во Женски магазин за фамилијата.

-Се запознавме во 2005. Нашата приказна почна кога Дарко Велков тогаш млад бизнисмен ми беше гостин во „Ред Хот“, на темата Работа преку лето. Е, тогаш поверував во љубов на прв поглед…

Подоцна дознав дека неговото гостување било договорено со мојот тогашен продуцент, бидејќи Дарко ме видел на телевизија и си посакал да му бидам девојка, не било ништо случајно ни судбинско.

Јас за кратко после неговото гостување заминав за Перуџа, Италија, како стипендист на катедрата за Италијански јазик и книжевност, престој кој траеше месец дена и тоа беше фин тест за тоа дали може нешто да се случи меѓу нас…

А, признавам имав една одлука додека бев во Италија дали да заминам за Рим или да се вратам во Скопје. Го одбрав Скопје, сè понатаму е приказна која трае веќе 17 години…“, рече таа за сопругот.

Снеже Велков објави свои нови слики на Инста, покрај море и напиша објава која ја нарече љубовни шепотења. До овие слики, на кои не е означена каде е, таа напиша:

– Си останавме недокажани. Ти мене јас тебе. А мислевме целото време го имаме пред нас. Си останавме недогушнати. Јас тебе ти мене А Мислевме тоа е најлесната работа на свет.

Си останавме недобакнати. Јас тебе а ти мене. А Мислевме утре доаѓа брзо. Си останавме недогледани. Ти мене Јас тебе. А, Мислевме ќе се гледаме цел живот. Си останавме недомолчени. А, Мислевме тишината е лоша.

Си останавме недосакани. Ти мене а јас тебе. А, Мислевме вечност ќе сме. Си останавме недосмеани. А, Мислевме вечно ќе се смееме. Си останавме недозволени. Ти мене Јас тебе. А Мислевме нема кој да не забрани.

Камо да знаевме а да не Мислевме… Си останавме непреболени. Ти мене јас тебе“, стои во обајавата на нашата позата водителка која објавила убави слики од зајдисонце покрај море.

Previous articleПријател на Масимо Савиќ од Скопје откри досега непозната приказна за него, Бобан ја отвори душата
Next articleОва е дечкото на Кјара Гоља, ќерката на Хелена Роза, еве зошто се совршени еден за друг (ФОТО)