Home Live Сузе Гавазова ќе биде главна во Англија- е, со ваков фустан се...

Сузе Гавазова ќе биде главна во Англија- е, со ваков фустан се рекламира настап (ФОТО)

Сузана Гавазова е една од најпоуларните македонски фолк пејачки. Има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови, а инаку е сопруга на Јасмин и мајка на две ќерки.

Јасмин во една прилика сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.

Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица.

Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.

Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди.

Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров.

По ова следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка.

Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.

Во септември минатата година, Сузе објави лут статус во кој вели дека е изморена од негативни коментари на анејзиниот Фејсбук профил:

– Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија.

Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.

А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста..

Ви благодарам на убавите зборови, ве сакам, бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас“ напиша Гавазова.

Во својата нова објава на Инстаграм, Гавазова објави дека ќе пее на Божиќна забава во Лондон кај нашинците, тоест Сузе ќе биде главна на ова забава. Оваа вест сигурно дека ќе ги израдува нашинците во Англија.

А, на сликата која е искористена за реклама, Сузе е во провокативен фустан во црвена боја кој повеќе открива отколку што покрива, а на сликата се објаснети сите детали за оваа забава.

Previous articleСузана Спасовска заблеска во ракошен фустан, ама и искрено кажа што мисли за оние кои ја имитираат (ФОТО)
Next articleИгор Александров: Го направивте Здравко Чолиќ дементен, а не сте ни биле родени во тоа време, па да знаете како беше