Home Live Сузана Спасовска заблеска во ракошен фустан, ама и искрено кажа што мисли...

Сузана Спасовска заблеска во ракошен фустан, ама и искрено кажа што мисли за оние кои ја имитираат (ФОТО)

Нашата фолк ѕвезда Сузана Спасовска во една прилика има кажано дека секогаш треба да се биде поразличен, доколку сакате да бидете забележани и да постигнете фантастичен успех.

Во едно интервју за Женски магаизн, Сузана го добила следното прашање: Отсекогаш си била пионер за многу нешта, таа традиција продолжува и овој пат, оној концерт во Универзалната сала со проширена сцена, фарбање на лицето, коса во повеќе бои… Како сега, од оваа дистанца гледаш на тоа време?

– Ми изгледа како што би ми изгледало и сега, бидејќи јас така размислувам, затоа што секогаш треба да се биде поразличен, доколку сакате да бидете забележани и да постигнете фантастичен успех.

Ако не бидете поразлични, ако се претопите во стадото, тогаш кој ќе ве забележи? Јас така сум размислувала од почетокот на кариерата, значи сè што е направено, не е воопшто случајно.

Така сум размислувала, дека треба да направам една своја стратегија, по којашто ќе чекорам во текот на кариерата, значи чекор по чекор, јас сум ја градела својата кариера. Многу ретко се случило нешто да дојде случајно.

Сето тоа си било осмислено од мене. Секако на почеток, си почнуваш сам, па се надоградуваш во текот на кариерата со соработници, си го градиш својот тим, и така малку по малку, доаѓаш до луѓе околу тебе кои ставаат едно камче во мозаикот наречен Сузана Спасовска. Сам човек не може да опстои на сцената.

Во музичкиот дел, има некои композиции кои сега не разбирам зошто сум ги направила. Но, сепак тоа било дел од тоа време, и размислувања од тоа време. Зашто не размислуваме исто кога сме млади, и кога сме веќе повозрасни.

Но, јас повеќе работи би ги избришала од приватниот живот, затоа што премногу време сум подарувала на луѓе коишто не ја заслужувале мојата љубов, не го заслужувале моето друштво, едноставно сум можела да го вложам тоа време во нешто многу подобро.

Кога си млад не можеш да бидеш толку мудар. Чекориш напред и во чекорењето можеш и некаде да се сопнеш“, рекла Сузана, а потоа додала:

Како што се раѓаме, растеме понатаму, а животот се состои од промени. Ако би можела да се вратам назад веројатно би променила доста работи, коишто сепак би ми олесниле за чекорењето напред.

Сепак, животот е тој којшто не носи само убави работи. Некогаш се случуваат и неубави работи коишто сакаме да ги избришеме, но не можеме да ги избришеме. Сите тие искушенија, дали приватно или во работата ме направиле посилна, поздржлива, човек којшто верува во иднината, којшто не се откажува така лесно при првиот пад.

Едноставно се чувствувам силна и мудра. А, ако не биле сите тие искушенија, и сите те препреки низ кариерата и низ животот, веројатно оваа Сузана ќе била една поинаква Сузана“.

Сузаана ги искоментирала и оние кои сакаарт да ја имитираат: Се гордеам што можам да бидам пример за младите, да оставам трајни вредости зад себе, и среќна сум што одат по моите стапки, како што јас сум чекорела по стапките на легендите на македонската музика.

Таа сега објави нови свои слики на Фејсбук, облечена во многу раскошен фустан, тоест повеќе фустани кои одлично и стојат, и во оваа прилика објасни за каде вака се дотерала:

26.12.2022 Снимање за новогодишното шоу на канал 5, “Бојана и пријателите” во Скендеровси продукција . Благодарна за љубезниот пречек и прекрасната гардероба од Елена Лука.

Драги пријатели, уживајте во новогодишната програма и дочекајте ја Новата Година среќни и весели!

Нека цути љубовта, Бог да ни даде мир во душата и мир во светот! Ве сака Ваша Сузана С.“

Previous articleРосана: Годината започна тешко, зошто секогаш ЈАС да газам по најтешкиот пат?
Next articleСузе Гавазова ќе биде главна во Англија- е, со ваков фустан се рекламира настап (ФОТО)