Home Live Гламурозно издание на Ирена Спировска во фустан кој само на неа толку...

Гламурозно издание на Ирена Спировска во фустан кој само на неа толку добро ѝ стои (ФОТО)

Родена и порасната во Скопје, Ирена паралелно со нејзините студии на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје почнала и со ангажман во Македонската радио-телевизија.

И покрај тогашните редовни ТВ-обврски, таа успеала да го заврши факултетот на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност“, објави Факултети.мк неодамна.

Поради тоа што паралелно студирала и работела, Ирена немала класичен студентски живот.

Таа постојано била на релација дома – МРТВ – факултет, но сепак наоѓала начин да стигне секаде навреме и да ги заврши обврските, што според неа е клуч за успехот.

– Сите предмети ми беа еднакво интересни и инспиративни. Особено ги сакав предавањата на професорот Венко Андоновски. Најчесто учев ноќе, кога сѐ беше мирно и кога немав други обврски.

Преку ден најмногу сакав да учам сама во библиотека, а со колегите често пиевме кафе за време на паузите и разменувавме заклучоци.

Во тоа време трговскиот центар Мавровка беше особено популарен. Олеснителна околност беше што сѐ ми беше блиску.

Зградата на МРТ е веднаш наспроти факултетот, што ми даваше можност да претрчам од работа на факултет или обратно.

Со оглед на тоа дека студирав и работев, имав свој џепарлак и возев автомобил, па за мене студентскиот живот беше особено динамичен, забавен и исполнет – се присетува Ирена.

При крајот на студирањето таа се соочила со уште еден убав предизвик – мајчинството, така што го завршила факултетот учејќи за испитите со нејзината ќерка Зорица додека спиела покрај неа.

– Времето потребно да спремам испит зависеше од предметот што го подготвував, но и од моите работни обврски.

Некогаш се случуваше за кратко време да спремам испит, а некогаш ми требаа месеци за да успеам да најдам време да го научам целиот материјал.

Затоа и студирањето го развлеков малку повеќе, бидејќи работата ми беше на прво место. Во меѓувреме ја родив и мојата ќерка, па последните три испити ги положив кога Зорица беше бебе.

Учев додека таа спиеше и го искористив тој период да ги завршам обврските со факултетот – раскажува Ирена за Факултети.

Ирена Спировска, како што е познато е мајка на Зорица, чии слики ретко објавува во јавноста, а и ретко зборува за неа.

Причината за тоа е како што раскажа во една прилика раскажа дека нејзината ќерка воопшто не сака да се експинира во јавноста, а таа сака да ја заштити и го почитува нејзиниот став.

Едни од ретките слики кои Ирена ги обајви од својата преубава ќерка се од нејзината матурска прослава, од 2018 година, што значи дека Зорица сега има 22 години.

-Како дете членував во извиднички клуб и верувам дека токму оттука потекнува љубовта и страстта кон планините.

Највисокиот врв во поранешната југословенска држава (Триглав,2864 мнв) го искачив кога имав 22 години.

Планините се моја прва и најголема љубов. Индор спортските активности премногу ме асоцираат на канцеларија, ми пречи чувството дека сум ограничена и затворена.

Планината нуди слобода, широчина, неограничени хоризони, прекрасни глетки, неверојатни пејсажи, спокој кој ретко се наоѓа било каде на друго место.

Здравата исхрана секако во голема мерка придонесува за добра форма и кондиција на секој човек. Спортувањето и здравиот начин на исхрана идеално се надополнуваат и овозможуваат да се чувствувате убаво и витално“, изјавила Ирена.

Ирена Спировска на Инста стори неодамна објавила слики од прослава на која била, а со неа и е Душко Исајловски, кој е нејзин долгогодишен животен сопатник.

Убава и дотерана, Ирена објавикла и слика со познатиот Ју пејач, Жељко Самарџиќ.

Ни Самарџиќ не оддолеал на убавината на Ирена, па застанал да се слика со неа, но на сликата, Ирена не е сама со Жељко, туку е тука и Душко кој ја чува својата убава понежна половина.

Ирена на својот Фејсбук профил објави серија од слики од Алфа Телевизија каде што ја снимале новогодишната емисија, заедно со своите колеги од естрадата, меѓу кои беше и Елена Велевска, Стојне Николова, Јордан Митев, Адријана Ацевска и многу други.

Она што може да се забележи на овие слики е тоа што Ирена е облечена во гламурозен фустан во златна нијанса, по креација на Елена Лука. На фустанот има и пердуви, но целиот фустан светка, а Ирена во него изгледа на кралица.

Само на водителката би ѝ стоел ваков фустан, бидејќи добро се држи и нема позгодна од неа.

Previous articleГо молам Душко во новата година да ја сака и почитува мајката на неговите деца – Карлеуша со емотивна објава го „пецна“ сопругот
Next articleМилена Антовска искрено кажа што мисли за Џамбазов – истото мислење го има веќе 8 години (ФОТО)