Home News Игор Александров: Го направивте Здравко Чолиќ дементен, а не сте ни биле...

Игор Александров: Го направивте Здравко Чолиќ дементен, а не сте ни биле родени во тоа време, па да знаете како беше

Деновиве се крена голема врева, по споделеното интервју на Здравко Чолиќ, во кое вели дека во поранешна Југославија, Божиќ практично и било забрането а се слави.

Секако, тоа не било зконски регулирано, но Игор Александров, наш познат активист во Австралија, во статус на својот профил на социјалните мрежи, објаснува зошто тоа било така, односно, како точно било: ЗАБРАНЕТ БОЖИЌ?

-Здравко Чолиќ рекол дека во комунистичка Југославија не смеело Божиќ да се слави толку свечено како Нова Година.

Тоа наводно предизвикало многу критики меѓу фанови кои ‘не веруваат’ дека е вистина, па еден малоумен портал гледам напишал и дека мора дементиа да е во прашање.

Се прашувам колкумина од коментаторите можат да кажат дека живееле во таа Југославија и го славеле Божиќ како позначаен од Нова Година, а исто продолжиле и по падот на Југославија?

Од моите сеќавања на таа Југославија, која моето семејство ја напушти во 1985г, големиот празник беше Нова Година, за која се спремаа и елките. Божиќ и Василица беа споредна работа.

Кога баба ми или жената која ме чуваше додека родителите работеа на смена (ми се чини дека Божиќ беше работен ден) ќе ме однесеа во црква за Божиќ или Велигден, тоа го правеа како полускришно.

Јас за себе знам дека кога се доселивме во Австралија ми беше чудно зошто медиумите, политичарите, локалните власти и обичниот народ (вклучувајќи нехристијани) толку ги пренагласуваа Божиќ и Велигден, а Нова Година не ја славеа со толкав нагон како во Југославија. Со години се чудев на тој феномен.

Е сега дали тоа било слободна народна волја или системска ‘забрана’?

Зависи колку ви одговара да бидете буквалисти. Ако било слободна народна волја, тогаш како така наеднаш се превртила со падот на комунизмот?

Формална забрана немало, но немало за повеќето работи за кои ‘непожелните’ биле кодошени. Дали е невистина дека човек кој отворено практикувал верски обичаи и изразувал вера во Бог тешко можел да дојде до значајна државна или партиска функција?

Колкумина такви можете да посочите?

‘Забрана’ не значи само формална законска забрана. Многу посилни забрани се оние неформалните, социјалните, психичките, кои безгласно ги диктираат големи и мали пастири, а конформистичките стада ги следат затоа што знаат или претпоставуваат што се очекува од нив.

Но тоа денес може да се каже и за оние кои програмирано го слават Божиќ, а не прочитале ни една страница од Христовите учења (уште помалку разбрале или се трудат да практикуваат како животни правило).

Previous articleСузе Гавазова ќе биде главна во Англија- е, со ваков фустан се рекламира настап (ФОТО)
Next articleСпенџарска се фали од грците, еве зошто Солун е град за неа (ФОТО)