Home Live Милена Антовска искрено кажа што мисли за Џамбазов – истото мислење го...

Милена Антовска искрено кажа што мисли за Џамбазов – истото мислење го има веќе 8 години (ФОТО)

Џамбазов во една прилика раскажа дека се плаши да ја гледа Илина како се качува по карпи.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани.

Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди.

Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов.

Илина Арсопва, отворено за Игор зборуваше во едно свое интевју за Репортер, каде што ја раскажа љубовта со Игор, како тие всушност функционираат заедно, што е убаво, но исто така и што и пречело на почетокот од нивната врска.

-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам. Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.

Се сеќавам во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото. А јас од сабајле пуна агендата.

Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.

Ама, нормални луѓе, имаме малку повисоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.

Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интервју тука што го имате, баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.

Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран.

А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности нè спои.

И веќе, во однос на претходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.

Ама, бидејќи немав други обврски коишто ме врзуваат за Македонија, целата работа си ја носев со мене, бидејќи тој период од годината бев ангажирана да работам повеќе со сликарството, и бидејќи ми беше убаво секаде каде што патував, постојано имав некои ангажмани…

Тој во едно постаро интервју за Фешнел, зборуваше за тоа дали се смета за мудар човек и на таа тема нашиот познат актер, шоумен, музичар и писател рече:

– Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе.

Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат…

Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија. Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот.

Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните 20 години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек“, изјави Џамбазов.

Водителката Милена Антовска освен што е препознатлива на Утринската во Канал 5, таа е воедно и многу активна на Истаграм, а понекогаш и на Фејсбук.

Милена често споделува стари спомени од Фејсбук, а на нејзината последна објава сподели слика со Игор.

Милена и Игор беа прегрнати, а сликата настанала пред цели 8 години.

„Што и да кажам за него, малку е…“ – напишала Милена, а штом и сега ја споделила истата фотографија, тоа значи дека не ѝ се променило мислењето за Игор.

Previous articleГламурозно издание на Ирена Спировска во фустан кој само на неа толку добро ѝ стои (ФОТО)
Next articleКатарина му седна на Перо во скутот, покажаа колку им е сериозна врската по една работа (ФОТО)