Home Live Спенџарска се фали од грците, еве зошто Солун е град за неа...

Спенџарска се фали од грците, еве зошто Солун е град за неа (ФОТО)

Спенџарска е редовна на својот Инста профил со објавување на фотографии од различни патувања, меѓу кои фотографиите се секогаш надополнети со мотивирачки цитати. Таа во една прилика напиша:

„Ми се допаѓа овој едноставен живот: -не се оптеретувам како изгледам, зашто изгледам е**но ПРЕДОБРО, -не ми треба шминка, – живеам покрај море, – имам прекрасни луѓе до мене

– никогаш нема да ја земам музиката здраво за готово, – и зајдисонцата исто така.“

„Колку е чуден животот еј, за два дена (читај, за два дена) тука доживувам такви филмски ситуации, а само неколку дена пред да дојдам бев загрижена за нешто кое не ми испадна онака како што сакав и не бев баш среќна околу тоа.

Но… испадна дека и тогаш кога мислиме дека работите не функционираат во наша корист- напротив, баш тогаш ФУНКЦИОНИРААТ СОВРШЕНО ВО НАША КОРИСТ, само треба малку трпение.

-Секојдневно по два часа дневно поминувам на кејот на Вардар. Трчањето многу ми помогна да го дефинирам телото и да го намалам вишокот килограми.

За два месеца успеав да намалам 9 килограми и сум многу задоволна од мојот сегашен изглед.

Топло им препорачувам на сите девојки и жени да не го запостават спортувањето, тоа е клучот за позитивна енергија и исполнетост.

Колку и да ви изгледа тешко, тоа ќе премине во навика, а резултатите само ќе ве мотивираат“, кажа во едно интервју за Фешнел, нашата позната водителка Јелена Спенџарска од Канал 5.

Бидете во трка по витко тело, трка која самодовербата ќе ја крене до облаците. Секако, спортската опрема е задолжителна, зашто и додека спортуваме треба да изгледаме средено, а тоа не вклучува шминка и фризура туку соодветна спортска облека, советува Јелена.

Таа на Инстаграм често споделува свои мудри мисли, а во една прилика порача:

Од СУПЕР МОЌИ издвојувам да можам да ги познавам луѓето цел живот и да не ги прашувам зошто не се женети/мажени, зошто немаат деца и колкава им е платата!

-Да живееш убаво. Што тоа значи за тебе?

За мене, убавиот живот се сведува на моите навики. Сите мали, онака баш не толку важни ритуали кои ги практикувам секојдневно иако понекогш и не сакам да ги правам толку многу, тие ме креираат мене и мојата вредност во ова општество!

Малите делчиња од нашиот живот не прават големи.

-Да одам на трчање и кога не ми е баш до тоа. Да барам зеленчук во фрижидерот кога сакам да направам салата наместо шпагети.

Кога бирам книга наместо филм. Кога одам на кафе да знам во кој ТОЧНО локал сакам, да седам, зашто не ми е сеедно. Да одам на викенд на море или во село.

Да знам што точно сакам да облечам зашто не ми стои сѐ. Гледате… навидум „не толку важни“ нешта!

А, токму ваквите наши секојдневни избори му даваат убавина на нашиот живот. Не е во убавината на твоето лице, или колку мажи те сакаат или колку пари заработуваш.

Како се носиш со себе си кога си лута, уморна, фрустрирана итн. Тоа е твојата убавина.

И тоа е наша супер сила која нѐ прави силни. Се надевам дека сите, вклучувајќи ме и мене ќе ја започнеме есента како супер херои. Затоа што тоа и сме!

Искрено, можам да ви кажам дека никој не ме инспирира толку како што јас си се инспирирам самата себе!!!!“, рече во една прилика Спенџарска.

Долго време се пишуваше за дечкото на нашата водителка и колку е таа среќна. Тие двајца постојано го поминуваат времето на релација Скопје-Солун, што најверојатно дечкото на Јелена е од таму или само таму живее.

Јелена денеска изјави дека ова е прв Божиќ што го прославуваат заедно, а под елката во станот во Солун ја чекаа многу подароци кои ги отвораа заедно со партнерот. Всушност, ова беше првпат Јелена да си го покаже дечкото, за време на божиќните празници во Солун.

Нашата водителка за време на празниците ќе остане кај јужниот сосед, а за тоа колку ѝ одговара Солун, таа секојдневно покажува на Инстаграм.

Од продавници за облека, за храна, за украсувањето, па сѐ до дискотеките, едноставно како да се наменети за неа.

Спенџарска била во дискотека со својот дечко, но и со нивни пријатели, а во таа прилика го испофали диското и откри колку е ова сѐ за неа:

„Оооо колку убава вечер беше ова. Не памтам кога последен пат вака сум се изнаиграла. Нашите пријатели беа ѕвезди на вечерта.

Видете го само ова! Омг, цело диско играше на сите песни од прва до последна!!! Абе 4 саати игравме без престан,“ напиша Јелена. Очигледно е дека ѝ одговара овој град поради тоа што и самата таа е доста активна.

Previous articleИгор Александров: Го направивте Здравко Чолиќ дементен, а не сте ни биле родени во тоа време, па да знаете како беше
Next articleГо молам Душко во новата година да ја сака и почитува мајката на неговите деца – Карлеуша со емотивна објава го „пецна“ сопругот