Home Live Aгнеса никогаш не била потесна во струкот, ова е нејзината желба што...

Aгнеса никогаш не била потесна во струкот, ова е нејзината желба што ја посакува (ФОТО)

За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, Агнеса проговори во едно неодамнешно интервју.

Кристална торта на два спрата, гарланд од стотици балони во црна и сребрена боја, свеќи, многу подароци и цветни букети беа само дел деталите и подароците на роденденската прослава на Агнеса Органџиева, која се одржала на почетокот од овој месец.

За време на ска ндалот, во интервју за „Бекстејџ“, Агнеса изјави дека се омажила од љубов, а доколку било за пари како што некои си дозволија да зборуваат тој брак нема да траел цели 18 години.

Таа дополни дека споделувањето на приватниот живот околу одлуката за развод од страна на нејзиниот сопруг Роберт на социјалните мрежи било направено во б ес.

Агнеса е сега многу среќна, а прилината е што нејзината ќерка Вивиен, која е на студии во Словенија си дошла дома. Таа се сликала со двете ќерки и напишала: Добредојде дома моја Вивиен.

А, на друго стори, таа покажала како изгледа нејзиниот луксузно уреден дом за празниците, и се заблагодарила на цвеќара која ѝ подарила цвеќе за Нова година кое се вклопило во нејзината новогодишна декорација.

Агнеса е и голем верник што покажува еден од нејзините постови кој е различен од другите. Овде нема шминка, фризура и скапа облека.

Таа минатата година замина на поклоничко патување во Црна Гора, во манастирот Свети Василије Острошки. Изгледа дека во Острог, молејќи се, таа го пронаоѓа својот мир.

И Орданоски, по разводот, сподели пост кој е различен од останатите, а него се гледа дека тој ужива излегувајќи по скопските локали, со пријатели, но и со ќерките.

Орданоски, и покрај бурниот развод со Агнеса Органџиева, се уште на својот Инстаграм профил ги чува нејзините слики, и оние каде што се само тие двајца, и оние каде што се семејно- со ќерките.

Има тука слики од семејни одмори, од семејни излегувања, но и некои од нив двајца, а една која привлекува внимание е онаа каде што Роберт на Агнеса ѝ сипува шампањско во чашата.

Една објава на Орданоски на Фејсбук се однесува на нивната постара ќерка Вивиен, која заминала да студира во Словенија, а ја обајвила Агнеса, означувајќи го Роберт.

Вивиен Ордановска горди сме што ја искачи и оваа скала на успехот. Те сакаме- напишала Агнеса за ќерка си која ќе студира на Универзитетот во Нова Горица.

Агнеса Органџиева во интервју за Гламур.мк зборуваше за тоа какви мажи може да ја освојат, но откри и многу детали од приватниот живот, за кои досега нема зборувано.

На прашањето дали Агнеса е вљубена, таа одоговори дека сѐ уште го чека вистинскиот, но откри и какви мажи би можеле да ја привлечат.

-Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат, па се рушат.

-Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам, помагам.

Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни.

Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат.

Агнеса на Инстаграм брои повеќе од 100 илјади следбеници, и речиси сите објави ѝ се „спонзорски“ тоест речиси на секоја таа рекламра или модни дидатоци, чанти, чевли, козметика, угостителски објекти. На Агнеса очигледно дека ѝ тргна инфлуенсерскиот бизнис и топ заработува.

Агнеса, на новата слика која ја објавила се пофалила дека склучила уште еден договор, за рекламирање на облека на бутик од Гостивар. А, она што го носи на неа е мини фустан.

Се забележува дека Агнеса е доста ослабена последниве месеци. На последната објава на Агнеса, таа е облечена во светкав фустан кој на ракавите беше чипкан и проѕирен.

На сликата особено се забележува дека Агнеса е многу истенчена во половината, како никогаш претходно и изгледа многу добро.

Таа им ја честитала Новата година на своите пријатели во својата објава и напишала:

„Сѐ што посакувам за себе, посакувам и за вас само 2023 пати повеќе. Среќна Нова година!“

Previous articleКатарина му седна на Перо во скутот, покажаа колку им е сериозна врската по една работа (ФОТО)
Next articleПријател на Марија Рамадановски, ќерката на Џеј, ја „наби“ дека е време за мажење, вака изгледа блескавиот прстен (ФОТО)