Home Live Ја донесе „невестата“ дома во Македонија- вака Стефан од „Некст тајм“ ја...

Ја донесе „невестата“ дома во Македонија- вака Стефан од „Некст тајм“ ја испрати 2022 година (ФОТО)

Пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски има нова љубов, а ова го објави Убавина и здравје во летото во 2021 година.

Тогаш, во овој текст стоепе дека тој расчистил со поранешната девојка, со која беше во врска неколку месеци, а неговото срце е повторно освоено од презгодна бринета, белграѓанката Тинеа.

Вљубените гулапчиња сè уште не се огласиле со потврда или демант, но според извор близок на двојката, дознаваме дека Стефан и Тинеа веќе извесен период се заедно, а деновите ги поминуваат во австриската престолнината Виена – град во кој неговата девојка живее.

Инаку, Тинеа е блогерка и често има пишувано за своите доживувања во Виена“, стоеше во текстот тогаш. Сега, Стефан веќе јавно покажува слики од тинеа и нивната љубов функционира на далечина, тоест тој често оди кај неа во Виена.

Инаку, на 17 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, се одржа голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“, и сите медиуми напишаа позитивни критики за овој спектакл.

Тие беа придружувани од нивниот бенд, на чело со композиторот и музичар – Николче Мицевски, со кои го презентираа нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“.

Во живо и на голема бина ќе ги отпеат нивните најголеми хитови како што се: „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам Бабо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на пирина“ и уште многу други.

-Специјален гостин на концертот беше Влатко Лозаноски – Лозано, кој пееел заедно со Стефан и тоа ги здружиле силите во „Ја излези Ѓурѓо“. Се трудиме да ги балансираме разликите затоа што сега нас нè спојува и работата, а тоа е музиката.

Искрено, знаеме да се налутиме еден на друг, но и да попуштиме и да не трае тоа многу долго, бидејќи од голема лутина нема добри резултати.

Така што, се прават компромиси и од една и од друга страна. Интересно е тоа што на крајот од денот кога ќе се најдеме на сцена, функционираме како едно.

– Сметаме дека секој којшто се занимава со музика треба да истражува, импровизира и креира различни дела. Не би било добро да си ограничен од непознавање музика, тогаш не би требале да се занимаваме со неа.

Така и ние, во крвта наша е да испробуваме нови правци, да креираме нешто ново, макар и нов аранжман на стара традиционална песна“, рекле Мартин и Стефан во интервју за Женски магазин.

Познато е дека Мартин неодамна ја побара раката на својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа и во семејството Филиповски си добија снаа, и тогаш Стефан на Инстаграм напиша: Редно беше!

Стефан пак, повеќе од една година е во врска со атрактивната црнокоса со необично убаво име, Тинеа, која живее во Виена и има српско-хрватско потекло, како што напишавме погоре.

Љубовта на далечина за нив не претставува никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите.

Профилите на социјалните мрежи на Стефан се преполни со романтични фотографии од заедничките моменти низ Виена или Белград кој е нивната најчеста љубовна станица.

Стефан за новогодишните презници ја донесе својата сакана во Македонија, во Маврово, и објави слика од мавровското езеро како е среќен и насмеан покрај убавата Тинеа.

Времето ќе покаже дали Стефан ќе го направи истото како и брат му Мартин, и во оваа година ќе видиме прстен на раката на саканата на пејачот на „Некст тајм“.

Previous articleМаја Платнар: Донирав и не се фалев со тоа, не заслужив ли една честитка за Нова година?
Next articleЛила и Јована на журка, шампањ и добро друштво околу нив (ВИДЕО)