Home Live Каролина се пофали каква домаќинка е- кажа што му готви на Михаил...

Каролина се пофали каква домаќинка е- кажа што му готви на Михаил по дома

Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски ги завршија петте концерти во Филхармонија, како да е еден подолг настап, а не концертен маратон. Овој маратон ќе се заокружи со уште два концерти на 2 и на 3 јануари во Националната опера и балет.

Избраните песни на Шпато, Бранѓолица, Масевски и Бојаџиев како да се пишувани токму за гласот на Каролина. И самата таа, посебно емотивно ги доживува додека ги пее, а за песната „За нас почнува живот“, вели дека приватно ѝ е многу значајна.

Целиот албум, „Песни за копнеж и љубов“ во неа буди чувства за кои не ни била свесна дека тлеат во неа.

За нејзините претконцертни ритуали, за тоа што ѝ ја обележа оваа година и за желбите за следната, Каролина зборувала за Женски магазин.

– Навистина ни помина како сон… тоа што изгледаше како сериозен предизвик, 5 концерти за 3 дена, го поминавме со некоја неверојатна леснотија од првиот концерт до последниот.

Секојдневието како и пред секој настап или концерт ми е дома – проба – дома – концерт. Особено што овојпат свиревме сред сезона на настинки и грипови па внимавав повеќе од вообичаено“, изјавила Каролина.

Песната „Идила“ која беше е најава за нејзиниот нов албум, кој се пееше на овие концерти. Каролина пее преработени македонски хитови од постари познати пејачи.

-Идејата се појави уште после нашиот прв заеднички настап во 2016та на концертот на Дуке во „Метрополис Арената“.

Tогаш за првпат се споивме и ја изведовме “Празно е без оваа љубов” евергрин напишан од татко му на Дуке, Тодор Бојаџиев – прекрасна љубовна песна која ти остава кнедла во грло…

Па така и понатаму размислувањето ни беше во таа насока. Вистински, идејата почна да се раѓа после мојот престој во Њујорк во 2019, кога речиси секојдневно се дружевме и разбирливо, голем дел од времето бевме околу пијано, испробувавме различни жанрови на песни и многу бевме задоволни од тоа како звучиме заедно, па така почнавме и гласно да размислуваме за албум каде ќе сме само ние тројца.

Првичниот план беше да издадеме во 2020, но поради познатите околности и нашата замисла мораше да се одложи па спремно чекавме подобро време“, рече Каролина во претходно интервју.

-Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја“, изјави пејачката, а го спомна и своот сопруг, ликовниот уметник Михаил Корубин.

-Имаме доволно работи кои ги правиме заедно, но секако и такви кои ги правиме засебно без да си “сметаме” eден на друг.

Михо многу работеше за време на целиов овој период затоа што неговата работа не бара физичка дистанца, па добро го искористи целото слободно време кое го имавме.

Во едно од прашањата во поновото интервју кое е објавено на последниот ден од 2022 година, Каролина зборувала за тоа каква домаќинка е, тоест на прашањето каде ќе слави Нова година и дали ќе зготви нешто, таа рекла:

-Не знам дали за вечерта ќе подготвам нешто, што секако не би било никаков проблем затоа што готвам секојдневно, без разлика дали е празник, концерт….

Ручек дома мора да имам! И супа!“ Браво за Каролина, и блазеси му на Михаил што има таква домаќинка дома.

Previous articleСтојне се огласи од Америка во својот најпровокативен фустан досега- Среќна Нова година убава (ФОТО)
Next articleЌе летнат „гулабите“, ѝ рекоа на Гавазова откако комотно се прошета низ домот во овој фустан со екстра отворено деколте (ФОТО)