Home Live Катарина му седна на Перо во скутот, покажаа колку им е сериозна...

Катарина му седна на Перо во скутот, покажаа колку им е сериозна врската по една работа (ФОТО)

Катарина Ивановска е наш успешен модел, кај нас и во светот, но таа е и посветена мајка на Кира и на Вања.

Во едно интервју за Слободен печат, Катарина за своето семејство изјави:

– Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Кира е многу мала за да е свесна за промените, а на Вања моравме да му ги објасниме новонастанатите околности.

Голем дел поминуваме во природа, а тоа за децата е, сепак, и најзабавно и најздраво“, рече таа на почетокот од панде мијата.

Знаете, кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба.

Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап.

Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба. Тоа би бил комплетниот одговор“, изјави Катарина во една прилика за Слободен печат, за нејзиниот успех.

Таа зборуваше за нејзиниот тогашен партнер, таткото на нејзините деца, со кого откри дека не била во официјален брак.

-Мојата одлука да бидеме во таков тип релација и семејство се заснова на размислување и донесување заедничка одлука да бидеме семејство на две индивидуи кои, пред сѐ, се во љубовна и во пријателска длабоко искрена релација.

Хартијата од матично во моментов не ни претставува ниту приоритет. Се разбира, некогаш кога ние ќе посакаме, тоа и ќе се случи.“, рече во Слободен печат Катарина.

Перо Антиќ и Катарина се веќе подолго време во врска и на почетокот иако ја криеја врската од сите, јавноста навестуваше дека има нешто помеѓу нив.

После некое време, Перо почна да ја покажува Катарина на стори на Инстаграм и да објавува слики со неа. Да потсетиме, Перо Антиќ е татко на три сина кои ги има од претходниот брак со Ружица.

„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува, а кој не.

Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам.

И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ за „Репортер“, чија кошаркарска приказна му донесе сешто во животот.

Татко е на три деца. Зад себе го има бракот со Ружица за кој првпат прозборе во јавноста во едно интервју за Репортер:

-Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој има стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата.

– За тебе има многу трачеви и озборувања, ти пречи ли тоа“, го праша водителот, во интервју за „Жешко Столче“.

„Ни најмалку. Ми пречи кога ќе им снема имагинација на луѓето. Едноставно ги чекам да идат подалеку.“

Перо рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат а не отишле“, изјави Перо.

„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.

Потоа додаде дека во исто време кога заминал во НБА, имал и понуда да оди во „Барселона“, но менаџерот му ја сменил кариерата на подобро.

„Со менаџерот не се слушаме после 10, а тој ми се јави во 11. Сакаш да одиш во НБА? Јас му викам: Што, Барселона пропадна? Не, само така те прашувам. И буквално испадна за пет минути да одам во НБА“, раскажа Перо Антиќ.

Перо и Катарина заедно ја дочекаа новата година во потесен круг на пријатели и во домашни услови.

Она што е интересно е што на сликата која ја објави Перо со пријателите на стори, Катарина и Перо се облечени во бела маица, како да се договориле да си одговараат со облеката.

На сликата, Катарина е седната во скутот на Перо, што покажува дека тие двајца се ептен сериозни за љубовната врска.

Previous articleМилена Антовска искрено кажа што мисли за Џамбазов – истото мислење го има веќе 8 години (ФОТО)
Next articleAгнеса никогаш не била потесна во струкот, ова е нејзината желба што ја посакува (ФОТО)