Home Live Лила и Јована на журка, шампањ и добро друштво околу нив (ВИДЕО)

Лила и Јована на журка, шампањ и добро друштво околу нив (ВИДЕО)

Лила Стојановска е едно од најпознатите и омилени тв лица кај нас. Покрај професионалноста, успехот сите овие години наназад се должи и на секогаш беспрекорниот изглед и почит како кон она што го работи, така и кон луѓето со кои соработува.

Гледачите сега имаат можност да ја гледаат секој работен ден во емисијата „Се или нешто“ и тоа во креации на модната куќа Елена Лука, напиша во една прилика Фешнел за Лила.

-Јас сум 30 години на телевизија и сцена, сум соработувала со многу модни куќи и креатори и не можам за никого ништо лошо да кажам, меѓутоа оваа соработка се разликува од се претходно.

Мојата креативност не е задушена, имам потполно право да кажам што ми се допаѓа, да учествувам во креирањето на моделот , да се чувствувам своја на своето и да го облечам она што навистина ми се допаѓа.

Никогаш не ме форсирале да облечам нешто што генерално ми се допаѓа, но не и како изгледа на мене и да ми кажат дека тоа треба да се носи само затоа што тие така сметаат.

Така што, нема стеги и правила, а и покрај тоа што нема правила во нашата соработка, ние функционираме како тие да постојат. Јас сум вага во хороскоп, а вагите сакаат да се дотерани, ја сакаат модата, елеганцијата.

Отсекогаш сум се облекувала различно од моите врсници. Не сум била екстремно различна, со екстремни парчиња на мене или слично.

Но, секогаш сум се трудела да бидам малку поинаква, не само од оние со кои сум учела, туку и генерално од останатите, затоа што се знаеше модата порано – сите носеа исто.

Секогаш додавав или одземав нешто, само со цел да се разликувам. Инаку, во средното училиште ја почувствував потребата да изгледам поубаво, да се изразам модно.

Бев модно освестена, почнав да сфаќам што е модерно, што не, што сакам да носам – што не. Научив што ми стои, а што не ми стои.

Единствената замерка што ја имам генерално и кон мажите и кон жените, а особено кон жените, е незнаењето да го прикријат тоа што е недостаток, а да го истакнат убавото. Ниту една жена не е совршена.

А многу често го прават обратното, мислат дека се убави и секси, па им пречат коментари на нивна сметка. Не ги делам луѓето на убави и грди, или згодни или помалку згодни.

Она што е важно кај еден човек е да е модно освестен како дефиниција, да знае што му стои а што не, и тоа да го облекува.

Нека има и две парчиња, ама нека ги носи како што треба и нека му стојат убаво, отколку секој ден да менува , а да изгледа дегутантно.

Во текот на кариерата менував различни стилови и не велам дека не сум згрешила. Примав различни совети, експериментирав, така што имам модни изразувања за кои си велам:

„Леле каде ми беше паметот“. Но, тоа е дел и од искуството и младоста. Тогаш немаше модни советници…

Кога ќе се вратам наназад, знам дека имав период кога многу сакав да носам долги здолништа. Јас и денес многу ги сакам, но со оглед на тоа дека не сум доволно висока и не ми стојат најдобро.

Но, имаше период кога навистина бев вљубена во нив. Имав некои чудни комбинации во кои изгледа само јас на себе си се допаѓав“, рекла Лила во интервју за Фешнел.

Новинарот Александар Наков објавил едно видео каде што се Лила и Јована, и се гледа на него дека јако се журкаат. Наздравуваат со шампањ, а околу нив добро машко друштво.

Девојките сакаат да се забавуваат- вели една позната песна а ова изгледа дека важи за Јована и за Лила- барем во овој случај, на оваа празнична забава.

Previous articleЈа донесе „невестата“ дома во Македонија- вака Стефан од „Некст тајм“ ја испрати 2022 година (ФОТО)
Next articleСтојне се огласи од Америка во својот најпровокативен фустан досега- Среќна Нова година убава (ФОТО)