Home Live Маја Платнар: Донирав и не се фалев со тоа, не заслужив ли...

Маја Платнар: Донирав и не се фалев со тоа, не заслужив ли една честитка за Нова година?

Маја Платнар е сопственик на веганскиот ресторан „Здраво Живо“, кој се наоѓа во центарот на Скопје.

Платнар е една од оние кои меѓу првите кај нас, започна да се занимава со подготвување на „жива“ храна, но и меѓу ретките кои останаа со години во овој сегмент од угостителството.

Мислењата околу вегетаријанската и особено веганската исхрана се поделени, а Маја, на оние скептиците, кои не гледаат здравствен бенефит од ваквата исхрана, во една прилика им порача:

„Ги молам лекарите веќе да не се изненадени кога некој ќе е жив и здрав подолго или спротивно од нивните предвидувања.

Затоа уште повеќе ги молам да не предвидуваат, да не ги обесхрабруваат луѓето и да не даваат рокови. Највеќе што можат да сторат е да бидат искрени и да кажат дека традиционалната медицина, или она што тие го знаат, не може повеќе да помогне.

Но највеќе ги молам да им даваат надеж на луѓето, да им се насмевнат и да им кажат да се обидат се што можат, да побараат лек во се. Оти убавиот збор и надежта, особено од авторитет како лекар, се половина лек. Мислата дека постои надеж лачи здравје! Ве молам!“

Маја Платнар, денес, честитајќи ја Новата година, помалку резигнирано и зачудено констатира:

„Минатата година ќе си ја посветам себе си. Оти сум прегорда на себе.

Ми се случија премногу неубави нешта, ама ми се случија и премногу преубави нешта. А јас, донирав донирав и донирав. И никаде не се пофалив, не се сликав, не раскажував

Ама денес, од сите тие ни честитка за НГ не добив. Заборавиле…. Мхм

Заборавиле дека дете родија, дека диабет немаат, дека срцето пак им чука, дека прооделе, дека не се подуени, дека имаат енергија како деца кога биле, дека спиат, дека вчера славеја празник здрави….

Па се прашувам… толку вреди? Доктор да бев цела канцеларија виски и бомбињери ќе имав, ама прво дебело ќе наплатев…

Па пак се прашувам…. толку вреди? Ни за една честитка во порака?….

Е па затоа сама ќе си честитам и ќе си бидам горда на себе. Оти за мене вреди кога ќе ве видам среќни, кога ќе знам оти животот ви се сменил, вашата радост е и моја.

А годинава со ум….ќе си го гледам само семејството, па белким ќе ми пишете, ама дека сум лоша, се разбира…

Среќна да ми е оваа што доаѓа, среќна да сум и здрава и жива.“, пишува популарната Маја Платнар во статус на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleЗоки Фаци никогаш поискрен: Чекање по болничките ходници, сам и во исчекување, на никого да не му се случи
Next articleЈа донесе „невестата“ дома во Македонија- вака Стефан од „Некст тајм“ ја испрати 2022 година (ФОТО)